21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаЕмотивна објава на Коки од дуото „Дуле и Коки“: „Запознав човек кој...

Емотивна објава на Коки од дуото „Дуле и Коки“: „Запознав човек кој ги крстил близнаците по нас – Дуле и Коки“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дуле и Коки“, македонското поп дуо во кое членуваа Душан Љубисављевиќ и Никола Јанков, двајцата од Штип, остави силен печат на македонската музичка сцена. Сетете се само на нивната „Марама“, „Колку треба да се плати“, „Дај ми шанса“…

<

Ова дуо на јавноста ѝ стана најпознато во 1996 година кога со песната „Виолина и гитара“ победија на фестивалот „Макфест“. Во својот репертоар имаа повеќе од 50 композиции, а многу од нив се сметаат за евергрини.

За жал, Дуле прерано го загубивме во 2013 година, на само 38 години.

Но, Коки, а и цела Македонија не го заборава овој прекрасен музичар. Коки на годишнината од неговата смрт секогаш со емотивни објави се пристетува на убавите заеднички мигови.

Сега, тој повторно сподели една навистина емотивна случка, која е уште еден доказ колку ова дуо беше сакано и ценето.

Неговиот опис на фотографијата на која позира со две момчиња, близнаци, гласи:

„Од време на време ќе сретнеш, ќе разбереш, ќе слушнеш некоја случка или приказна, но ова е вистинска љубовна приказна.

Не беше за верување, ама ќе те тресне, па се чудиш дали е за верување или не.

Дури свирев таа вечер, имаше еден пар, маж и жена, што некако двоеја од останатите луѓе од таа маса, кај што седеа, а беше голема маса.

Нема, нема, па со поглед човекот како да сакаше да ми каже нешто.
Не знам како при крај некој викна „Седи Коки, одмори малку“ и седнав, ама баш до човекот за кого ви зборувам…

Ми рече вака: „Брат, заминати сме од Македонија, одамна, имам двајца синови, близнаци, од по 13 години се“.

Ех, реков, супер, како ќерка ми (му влегов во збор).

Ќе погодиш ли како се викаат?“, ме праша.
Кревам раменици.

„Дуле и Коки – по вас“, ми кажа.

Штамааа, кнедла!
Чест е, а?

Можам да напишам уште нешто… Ама не можам.
П. С. Му реков на Ѓорѓи (таткото) да ги донесе утре да ги гушнам.“

26.03.2022 Пјаченца , Италија

ЦрноБело

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...