20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаДедо Тимотеј распали: 240 илјади верници да не биле пијани па не...

Дедо Тимотеј распали: 240 илјади верници да не биле пијани па не си ја знаеле верата – мижи асан да ти баам

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мижи Асан да ти баам. Со цел памет нѐ убедуваат дека 240.000 луѓе не знаеле дали се православни, римокатолици или протестанти, па затоа биле внесени во општата графа „христијани“ на пописот. А јас тврдам дека од тие 240.000 попишани, дури 238.000 се православни, ама некому така му одговарало.

<

Ова во разговор за Плусинфо го тврди митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), г. Тимотеј, откако во резултатите од Пописот 2021 година, освен графите „православни“, „католици“, „адвентисти“, „протестанти“, вметната е и графата „христијани“ која брои над 240.000 луѓе.

Кога мене ме попишуваа, никој не ме праша дали сум православен. Јас морав да инсистирам да ме попишат како православен. Ако не инсистирав, ќе ме внесеа во графата „христијани“, па сега ќе излезеше дека и јас не си ја знам верата, вели Владика Тимотеј.

Сакате да кажете дека 240.000 луѓе не знаеле од која вера се, небаре биле пијани? Може да не знаеле двајца, тројца, петмина или десетмина, ама смешно е да се каже дека 240.000 луѓе не знаеле на која вера припаѓаат. Ние не можеме да тврдиме дека сите тие луѓе се православни, но дека најголемиот дел од нив се православни, тоа е апсолутно така. Ние многу добро знаеме колку има католици и колку има протестанти во Македонија, не е тоа тајна. Ако 240.000 луѓе се попишани како христијани, тоа значи дека најмалку 238.000 од нив се православни. Вчера ја прочитав изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој рече дека не биле виновни попишувачите, туку дека луѓето не ја потенцирале точно својата вера. Таквата изјава е потценувачка и срамотна – ни изјави владиката Тимотеј.

Според него, појавата на графата „христијани“ е резултат на несоодветни попишувачи.

– На попишувачите никој не им објаснил како стојат работите, односно дека и православните и римокатолиците и протестантите се христијани. Кога мене ме попишуваа, никој не ме праша дали сум православен христијанин. Јас морав да инсистирам да ме попишат како православен. Ако не инсистирав, којзнае во која графа ќе бев пишан, па сега ќе излезеше дека и јас како владика не знам од која вера сум. Ние сакаме да веруваме во институциите, но ова што се случи со пописот е неприфатливо и срамно. Поделбата на бројот на православните во две посебни графи со сигурност ќе направи штета во иднина – истакна г. Тимотеј.

Инаку, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вчера во изјава за Плусинфо рече дека за графата „христијани“ не се виновни попишувачите, туку дека самите граѓание не потенцирале во која група припаѓаат.

Многу луѓе не размислувале дека треба точно да ја потенцираат религиската припадност. Па така, ако некој е православен христијанин, тој на попишувачот му кажува дека е христијанин, без да потенцира дека е православен. А попишувачот е должен да го внесе одговорот онака како што му бил кажан. Попишувачот не смее да влегува во дебата со граѓаните и да им објаснува, односно да ги наведува каков одговор да дадат на одредено прашање. Оти, ако попишувачите се вмешале во одговорите, тоа значи дека тие влијаеле врз одговорите. А влијаењето подлежи на кривична одговорност – објасни Симовски.

Резултатите од Пописот 2021 година покажаа дека во земјава живеат 847.390 православни, 590.878 муслимани, 242.579 христијани…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...