24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаНа Тетово му фалат уште 394 жители да ја стигне Битола, а...

На Тетово му фалат уште 394 жители да ја стигне Битола, а има ТРИ пати помала површина..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Битола не само што не е втора општина по број на население во земјава, туку ако продолжи моменталниот тренд на иселување нема да остане ни на трето место. Таа има приближно ист број жители колку Тетово. Разликата е за 394 жители, толку повеќе има битолчани од тетовчани. Според резултатите од пописот, во Битола и околните села живеат 85.164 жители, а во Тетово 84.770, иако има три пати поголема зафатнина.

<

За среќа не се обвистинија прогнозите дека со иселеничкиот бран во изминатите години една третина од населението си заминало од Битола. Но, бројките од пописот не дадоа ни оптимизам за моменталните демографски состојби. За дваесет години бројот на населението е намален за над 10.000 жители. Во 2002 година живееле 95.385 битолчани. Тоа е приближно колку сегашниот број на жители на Куманово (98.104), кое и при овој попис како и на претходниот, остана втора најголема општина по Скопје. Битола е на трето место.

Има разлика и возрасните категории, така во Битола преовладува повозрасно население, а во Тетово и Куманово помладо. Бебиња и деца на возраст до четири години во Тетово и Куманово има приближно околу 5.200, а во Битола 3.755. По младо население на возраст од 5 до 19 години предничи Куманово со 18.000 лица, па Тетово со 16.536, па Битола со 15.020. Но, затоа пак, кога се работи за лица на возраст од 65 до 74 години Битола е прва со 9.243 жители, па Тетово со 8.496, па Куманово со 5901 лице.

„Жално е што се намалува бројот на жители во Битола. За мојата книга ‘Градби“ ја прошетав Битола три пати од најгорните делови, па се до Јени Маале и забележав околу 1.000, можеби 1.500 објекти кои се напуштени, па дел од нив се руинирани , дел распаднати. Со тоа исчезнува едно прекрасно градителско наследство, но се празни и Битола“, вели Александар Стерјовски, хроничар на Битола.

Режисерската Софија Ристевска која ја режираше претставата „Леонс и Лена“ за желбата на група млади луѓе да останат во родниот град, изјави дека останувањето тука е многу важно и животот на луѓето може да биде активен и квалитетен и во нашата средина.

„Можноста да сте свои во својот свет и да не си емигрант е многу важно во овој момент. Да се издига оваа идеја на пиедестал, а не само идејата за заминување и напуштање да биде доминантна“, изјави Ристевска.

Ж. ЗДРАВКОВСКА СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...