2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев до Пендаровски: Многу го почитувам претседателот, но не е убаво што...

Заев до Пендаровски: Многу го почитувам претседателот, но не е убаво што го нападна министерот Филипче, ние се бориме да доведеме што повеќе вакцини !!!

spot_imgspot_img

Премиерот рече дека бил запознаен со одговорот на министерот за здравство, по критиката дека сликите од вакцинирањето наши граѓани во Србија се срам од државата
Тоа е слобода, е првиот коментар на премиерот Зоран Заев за вчерашните недоразбирања меѓу претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче околу набавката на вакцини против ковид-19 и вакцинирањето на наши граѓани во соседна Србија.

Заев го оцени настапот на Пендаровски како несоодветен. Тој рече дека бил информиран за одговорот што го упати Филипче, како член на Владата, откако претседателот, по седницата на Советот за безбедност, изјави дека сликите од вакцинирањето на македонски граѓани во соседството се израз на солидарност на Србија, ама се срам за државата.

„Јас многу го почитувам претседателот Пендаровски, ама нападот од него не е соодветен, со оглед на сите напори што ги правиме за набавка на вакцините. Знам за одговорот на министерот Филипче, секако дека сум упатен кога реагира член на Владата. Но слободата е голема придобивка. Едно време беше незамисливо да има несогласувања меѓу претседател и министер. Еве, сега гледаме дека не може да се согласуваме за сѐ. Здраво е да имаме и несогласувања, ама тоа не значи дека не се почитуваме“,

изјави Заев по денешната средба во Собранието со претставници на Алијанса/Алтернатива.

Заев рече дека секој како поединец има право на избор дали и каде ќе се вакцинира, ама, како што нагласи, тоа не се однесува на организации и на институции. Тој оцени дека можноста наши граѓани да се вакцинираат во соседството е голем пријателски чин на Србија.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...