17.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаСветПолицијата трага по човек кој нацртал пешачки премин пред училиште

Полицијата трага по човек кој нацртал пешачки премин пред училиште

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицијата трага по човек кој нацртал пешачки премин пред училиште за да им го олесни преминувањето на улицата на пешаците, минатата недела на патот во Нипарс кај Штралзунд во Северна Германија.

<

Германската полиција го сфаќа овој чин многу сериозно, а прекршителот се смета за сериозен криминалец. Верувале или не, на сторителот му се заканува затворска казна од пет години. Затоа не е чудно што пешачкиот премин е нацртан невешто, веројатно со голема брзина и без соодветни помагала.

Можеби некому овој прекршок му изгледа како безопасна детска шега, но станува збор за сериозен и опасен прекршок во сообраќајот – вели германската полиција.

Се чини дека причината за цртање на пешачкиот премин е тоа што граѓаните барале токму на ова место да се постави пешачки премин затоа што во близина има училиште. Надлежните институции ја отфрлиле идејата со образложение дека сообраќајот едноставно не е доволно густ.

По истрагата службата за одржување на патиштата го отстранила пешачкиот премин, а штетата се проценува на 500 евра.<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FPolizeiStralsund%2Fposts%2F1880456945481383&show_text=true&width=500″ width=”500″ height=”696″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share”></iframe>

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ...

Судот му додели куќен притвор на возачот кој го уби Југослав

Скопје се соочува со сериозни прашања по трагичната сообраќајна несреќа во која младиот Фатон Љ. (25), возејќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола, минатата недела...

Трагедија во Швајцарија: Охриѓанка и нејзиното бебе пронајдени мртви со убодни рани !!

Тешка трагедија ја потресе македонската заедница во Швајцарија. Охриѓанка и нејзиното едномесечно бебе се пронајдени мртви со убодни рани, по наводна вербална расправија со...

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети- Погрешно ме разбраа !!!

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана....