15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаСимовски: Направивме печатна грешка, во Македонија нема 355, туку 8.764 атеисти !!!

Симовски: Направивме печатна грешка, во Македонија нема 355, туку 8.764 атеисти !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

8764 луѓе во земјава се изјасниле како атеисти, а не 355 како што пишуваше во првичниот сет резултати од пописот на Државниот завод за статистика.

<

Корекцијата која се направи во саботата го дава реалниот број, вели директорот Апостол Симовски. Тој во изјава за Канал 5 објасни дека станувало збор техничка грешка, односно за пермутација на податоците со тоа што бројот на лицата што се изјасниле како „евангелско протестантски христијани“ биле запишани како „атеисти“ и обратно.

Од статистика им се извинија на граѓаните за оваа грешка, за која велат дека била направена ненамерно.

“ Секогаш постои можност за некоја техничка грешка, не прејудицираме дека ќе направиме се обидуваме да внимаваме максимално. Сепак беше ова прв сет на податоци, каде што се обидовме да дадеме голем сет на податоци што никогаш до сега не се случило секогаш тоа биле најклучните податоци, овојпат направивме табели на кои што се инсистираше уште долго време во јавноста за да ги задоволиме сите тие потреби на јавноста и ете се направи тој пропуст.. “Апостол Симовски – Директор на ДЗС.

Од ДЗС додадоа и дека сите групи верници кои се под 500 лица воопшто не се прикажани во коригираната табела, поради ограничениот простор.

На корекциите во податоците реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Повторно обвинија дека пописот е нецелосен со многу неправилности и не ја покажува реалната слика за популацијата во државата.

„ ДЗС направи целосен хаос во графата за религиска припадност, со нераспознавањето на христијани и православни. Неправилностите на овој попис излегоа на виделина само еден ден од соопштувањето на официјалните резултати. Директниот упад од ДЗС во промената на бројот и процентите во религиската определба во графата атеисти е уште еден од показателите за некомплетноста на резултатите на оваа операција. “- ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, сомнеж за податоците од пописот од категоријата религиаска припадност изразија и од Македонската православна црква, откако во графите освен православни, католици, муслимани, се појави и посебна категорија „христијани“ која ја немаше на претходните пописи, а за која се изјасниле дека припаѓаат над 200 000 луѓе во земјава. Од МПЦ додадоа дека методологијата не правела разлика помеѓу припадност на религија, на вероисповед и на црква или верски заедница..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...