6.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицајци ја малтретирале старата мајка на Зоран Божиновски.

Полицајци ја малтретирале старата мајка на Зоран Божиновски.

spot_img

Новинарот Зоран Божиновски објави дека полицајци ја малтертирале мајка му, наводно затоа што го барале него поради промена на адреса на личната карта..

<

Зоран туј ли е? Пак некој ИДИОТ смислил да испрати двајца недолжни млади полицајци на врата кај мојата мајка, длабоко загазена во ОСМА ДЕЦЕНИЈА од животот. Чисто, со намера да ја потресат и вознемират, оти таа е од оние генерации кои се потресуваат кога ке видат униформирани лица на врата, НЕНАЈАВЕНО…

Полиција во Битола знае на која адреса живеам привремено, Основен кривичен суд знае каде сум како и Апелационен, ме пронаодјаат секогаш кога им требам. Имаат контакт со мене и преку мојата адвокатка. Ама пак некој ИДИОТ решил да ја малтретира мајка ми, бидејки друг начин да ми наштетат немаат!
Инаку, за време на криминалниот ПОПИС на таа адреса не ме барал НИКОЈ! Ниту мајка ми не ја побарале, веројатно е во оние 130.000 изгубени…. вели Божиновски.

Новинарот е познат по неговите чести истражувачки репортажи во кои ги обвинува властите за криминал и корупција, поради што се соочи со прогон и во време на претходната и под оваа власт.

Морале да ја испрашаат дали сум на нејзина адреса а знаат дека не сум. Па ја легитимирале и ја советувале да ми дојави да променам адреса во лична карта. А јас не сакам, од едноставна причина што така сакам. Таа лична карта МОРАВ да ја имам после киднапирањето во Србија, екстрадиција по незаконска процедура и притвор 15 месеци. Пасош ми запленија, морав да имам некаков личен документ па земав лична карта на адреса на родителите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопски зет натепан од бабата и дедото.

На 22.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат...

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...