21.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаРакометар на „Бутел“ крвнички претепан во Скопје, се бори за живот

Ракометар на „Бутел“ крвнички претепан во Скопје, се бори за живот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ракометар на РК „Бутел“ се бори за живот на скопските клиники и се наоѓа во тешка состојба откако рано утрината бил донесен во болница со тешки повреди, објави порталот „24ракомет“.

<

Дел од медиумите неофицијално објавија дека се работи за 27-годишниот хрватски интернационалец Денис Тот, кој сезонава го носи дресот на Бутел, а лани играше за Охрид.

Од РК Бутел потврдуваат дека еден од нивните играчи е во болница и дека состојбата е тешка, но немаат информации што точно се случило.

Болнички извори за 24ракомет потврдуваат дека Хрватот бил примен со бројни повреди и неколку скршеници, кои најверојатно се од тепачка или од удари со тврди предмети и дека се наоѓа во тешка здравствена состојба и се бори за живот.

Од МВР засега нема информација за случајот, кој не беше забележан во дневниот полициски билтен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...