16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаУбава вест - Мајката на Верица Белчовска доби вработување во канцеларијата на...

Убава вест – Мајката на Верица Белчовска доби вработување во канцеларијата на премиерот во Струмица

spot_imgspot_img

Премиерот Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните во која е вработена и Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката која преку најголемиот хуман чин – донација на органите – спаси повеќе човечки животи.

Од Кабинетот на премиерот информираа дека во канцеларијата на премиерот во Струмица граѓаните од овој и блиските градови  на едноставен и лесно достапен начин ќе можат да закажат средба со премиерот Заев, а за време на викендите тие средби ќе можат и да се реализираат.

Премиерот Заев, како што стои во информацијата,  денеска оствари и кратка средба со Белчовска, на којашто разговараа за нејзиниот ангажман во Канцеларијата во Струмица.

„Премиерот Заев уште еднаш ја повтори огромната благодарност и восхит за одлуката органите на нејзината ќерка да бидат донирани и со тоа да спасат животи“, соопштија од Кабинетот на премиерот..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...