14.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаУште се преговара со кинески „Синохидро“ за продолжување на рокот за изградба...

Уште се преговара со кинески „Синохидро“ за продолжување на рокот за изградба на патот Кичево – Охрид

spot_imgspot_img

 

Во завршна фаза се преговорите со изведувачот „Синохидро“, каде е дефинирано до 31 декември 2023  година да се продолжи рокот за комплетирање на градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, вели во интервју за МИА директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Според него, рокот, се продолжува поради изработка на дополнителна проектна документација (испроектирана во рок од септември 2019-септември 2020) која беше неопходна за завршување на проектот. Врз основа на изработената проектна документација за автопат Кичево – Охрид, наведува Рустеми, се направи анализа за крајниот рок на завршување на работите која се темели на три аспекти и тоа: зголемен обем на работите, реализација на преостанати финансиски средства и решавање на дополнителната експропријација произлезена од дополнителната проектна документација.

Вкупниот прогрес на градежните работи по основниот договор изнесува 90 проценти, а 62 проценти според основниот договор и анекс договорот.

 

Изградбата на автопатот во должина од 57 километри почна во 2014, а по проблемите кои настанаа на трасата првичниот рок за завршување предвиден за 2018 година, со анекс на договорот беше пролонгиран за крајот на месецов.

Ohrid Sky

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе...

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...