16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЗекири спроведен во Шутка- 30 дена притвор за Мухамед Зеќири, сега веќе...

Зекири спроведен во Шутка- 30 дена притвор за Мухамед Зеќири, сега веќе поранешен генерален секретар на Владата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

30 дена притвор за Мухамед Зеќири, сега веќе поранешен генерален секретар на Владата, заради злоупотреба на службемата положба и овластувања.
“Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело
Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна
постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати
предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30
дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП.
Како што и претходно информираше судот, судијата на претходна постапка по добивање на предлогот на Јавниот обвинител, во Законски утврдениот рок издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот, но во
текот на денот истиот самиот се пријави во судот да се произнесе во
однос на предлогот.
Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на
овој суд. Што се однесува до другите двајца осомничени – опфатени со
предлогот за определување мерка притвор кои се странски државјани и за
кои е добиено известие дека се недостапни на органите на прогон,
донесено е решение за притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од
слобода”, соопштија од Кривичниот суд.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...