30.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаАхмети: Работите се сменаа, во Југославија Македонците беа привилегирани, а ние Албанците...

Ахмети: Работите се сменаа, во Југославија Македонците беа привилегирани, а ние Албанците бевме ќираџии

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во интервју дадено за РТВ21 Косово, лидерот на ДУИ Али Ахмети ја коментираше и поддршката на македонското население за Русија, односно на дел од Македонците кои некои аналитичари проценуваат дека одат и до две третини.

<

Видете, што се однесува до Македонците, тие имаа еден вид на сојуз со Србија за време на НАТО бомбардирањето во 1999 година, но има и носталгија произлезена од тие преку 60 години од заеднички живот во Југославија. Во таа Југославија беа и привилегирани, затоа што ние Албанците бевме тие кои беа угнетени, ние бевме „ќираџии“ на својот имот“, вели Ахмети.

Тој истакнува дека оваа носталгија не дозволува и јасно да се види дека иднината на оваа земја, сигурноста на оваа земја, мирот и стабилноста на ова место е преку интегрирање на земјата во ЕУ како што ја интегриравме во НАТО.

Иднината не им припаѓа на народи, односно политичарите кои инсталираат нацистички и фашистички политики, затоа што народот не е крив за тоа. Како што на пример Милошевиќ инсталираше една такви нацистичка и фашистичка политика, за ова не можеме да го обвиниме целиот српски народ иако во такви ситуации треба и народот да се дистанцира од ваквите политики. Што се однесува за Украина ние недвосмислено ја поддржуваме украинската праведна војна и ја осудуваме руската агресија и е срам за една супер сила да окупира една суверена држава. Се надеваме дека ќе се најде решение и ние како држава сите иницијативи на меѓународната зааедница сме ги поддржале“, додава Ахмети. Инфомакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...

Грaѓаните да бидат спокојни: Претседателот Гаши е добар и е отпуштен од болница.

Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, од кабинетот дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника...