20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСе очекува Мухамед Зеќири да биде ослободен од притвор?!

Се очекува Мухамед Зеќири да биде ослободен од притвор?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одбраната на генералниот секретар на Владата во оставка Мухамед Зеќири, поднесува жалба за судското решение за 30-дневен притвор.

<

Адвокатот Александар Трајковски за ТВ-Алсат вели дека во жалбата се побиваат трите основи за притвор, односно се исклучува можноста за бегство на Зеќири, неговото влијаење врз истрагата или повторување на делото.

Од Судот информираат дека ќе почекаат 48 часа да видат дали на нивна адреса ќе пристигнат жалби за притворот, од страна на одбраната или обвинителството, па најверојатно од понеделник ќе носат одлука.

Зеќири заврши во притвор вчеравечер откако судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје го прифати барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, склучувајќи договор без јавна набавка. Со него како осомничени дека му помогнале се и двајца хрватски државјани, за кои исто така е одреден притвор, но со оглед дека се недостапни на органите на прогонот, мерката за нив ќе почне да важи кога евентуално би биле приведени. Меѓутоа, за овие две лица, како што претходно изјави надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ, оперативните сознанија од МВР се дека тие се надвор од државата.

Истрагата беше отворена вчера, а се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги.

Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од над 57 милиони денари, а на штета на буџетот.

Откако обвинителството објави дека е отворена истрага, Зеќири набргу се огласи и поднесе неотповиклива оставка од функцијата генерален секретар. Во објавата, како што наведе, тој е уверен дека ќе ја докаже неговата невиност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...