18.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 2, 2025
ПочетнаМакедонијаТаткото на Вили едвај ги сокри солзите: Син ми не е терорист...

Таткото на Вили едвај ги сокри солзите: Син ми не е терорист за да биде осуден на 14 години затвор, ако треба и куќата ќе ја продадам и ќе ја тужам државата !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вили Михајловски е осуден на 14 години затвор откако на 27 април 2017 година демонстрантите упаднаа во Законодавниот дом. Судската власт ова дело го квалификуваше како тероризам, и додека едни беа амнестирани, за други имаше драконски казни.

<

Пет и пол години да му го земеш животот, зошто? За глупости. Што му текнало на некој ајде ќе ги наместиме. И не само нему, и на другите, вели низ солзи за телевизијата „Алфа“ таткото на Вили Михајловски. Тој го отвори срцето, како е да се биде разделен од синот, кој бил најголем вљубеник во татковината. А после настаните од 27 април бил прогласен терорист.

Никогаш не сум ни помислил дека може да го судат за терорист, а не да биде терорист. Некој ако си ја сака државата, не може да биде терорист – вели Милчо Давевски.

Судството е за некого мајка за некого маќеа. По мене, не може сите да влеземе внатре, а некои ги ослободија, овие ги заглавија по 15 години, да лежат и за нив – низ солзи раскажува таткото на Вилијам.

Вилијам ја сака мајка Македонија како што ја сака родената мајка која прерано почина, ја негува традицијата и свири народни инструменти, од каде и го доби прекарот „Гајда“ – вака Милчо го опишува синот единец кој го пораснал сам од 12 годишна возраст. Дека е голем патриот, покажува и тоа како е уредена неговата соба. Црвено жолтите ѕидови, знамињата, музичките инструменти и сликите – не дозволуваат да се загуши патриотскиот дух.

Но она што најмногу боли за Милчо е селективноста за време на судскиот процес и изречените казни. Дури и за време на исцрпните рочишта се почувсвувала разликата во мерките кои власта ги презема кон едните и другите.

Цел ден гладни, од затворот не им носеа јадење. Не ни дозволуваа да им купиме сендвич цел ден гладни. И неправедно, неправедно се осуден. Некој што сам изјавува дека носел оружје, амнестиран, тој што со голи раце влегол, терорист – раскажува Давевски.
Според Давевски, начинот на кој власта се справи со дел од демонстрантите, сместувањето во затвор и драконските казни – е само една скапо платена лекција, за граѓаните веќе да не го креваат гласот за она што им пречи. Сепак, верува дека еден ден, правдата ќе стигне. До тогаш, деновите му поминуваат болно и долго.

А што да правиш? Кога не можеш да смениш ништо. Сепак, правдата ќе излезе. Јас ако треба и куќата ќе ја продадам, ќе ја тужам државата – вели Милчо, без да успее да ги сокрие солзите.

Вили Михајловски се уште го немал првиот слободен викенд. Според правилата, кон крајот на 2023 година за прв пат ќе може да се видат со неговиот татко на прагот на семејната куќа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Откако му беше пасошот вратен привремено, газдата на „Пуцко петрол“ замина на свадба во Истанбул

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера беше забележан во...

Стојанче: Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во...

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...