15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаТри години затвор за возачот Јордан Горгиев кој ја прегази Викторија Николова...

Три години затвор за возачот Јордан Горгиев кој ја прегази Викторија Николова од Радовиш кај Сити Мол.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Три години затвор доби 23-годишниот Јордан Горгиев кој на 20-ти јануари оваа година во сообраќајна незгода кај Сити мол ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова.

<

Советот ги имаше предвид сите отежителни и олеснителни околности. Околност што возилото било поголема за 17,3 км на час, општествената опасност од сторување на кривичната одговорност како и зачестеноста на овие кривични дела, дека е изгубен човечки живот.

Горгиев го призна делото и изрази каење.

-Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието. Јасно ми е дека ќе ми следи санкција. Јасно ми е дека и ќе треба да платам оштетно побарување во иднина, рече 23-годишниот Јордан Горгиев, кој со ова ја призна вината за сообраќајната несреќа кај Сити мол.

Олеснителна околност е тоа што возраста на обвинетиот е 23 години, и прв пат доаѓа во судир со законот. Исто така не го завршил своето образование и е студент, не е оженет и нема оформено потесно семејство. Тоа беа дел од причините за ублажување на законскиот минимум кој е 4 години.

Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди. Телма Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...