29.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаБектеши потврди: „Привилиџ“ работи без лиценца, Пазарен инспекторат ќе ја проверува дискотеката...

Бектеши потврди: „Привилиџ“ работи без лиценца, Пазарен инспекторат ќе ја проверува дискотеката !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дискотеката „Привилиџ“ пред која минатата недела до смрт беше претепан ракометарот Денис Тот немала лиценца за работа.

<

Ова за „Слободен печат“ го потврди министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова“, додал Бектеши.

Веќе е даден налог за инспекциски надзор врз дискотеката „Привилиџ“ во Скопје, изјавила за „Нова ТВ“ директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

И Симеска Димоска потврдила дека оваа дискотека немала лиценца за работа како ноќен клуб.

Како се случило и покрај тоа што немал дозвола, овој клуб сепак да работи, ќе покаже инспекцискиот надзор.

Пред оваа дискотека во четвртокот изутрина до смрт беше претепан ракометарот Денис Тот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...