16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаНиколовски: Доста е со лажни вести, храна имаме доволно !!!

Николовски: Доста е со лажни вести, храна имаме доволно !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во постојана комуникација сме со Србија. Очекуваме да ја крене „рампата” и за маслото. Тука сме да помогнеме за се што треба, кажа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

<

-Да престанат лажните вести и неодговорното однесување, зашто кризата не погаѓа селективно – едни земјоделци да, а други не. Доста со поделби, етикетирања, навреди и омраза. Ова а време кога треба да им се помогне на сите граѓани, а ние тоа максимално го правиме. Седум пати заседава оваа Потсекторска група, сега се на ред земјоделците. Паника не треба да има зашто државата ќе има доволно леб, брашно, јајца и масло, истакна Николовски.

На Потсекторската група, додаде, станало збор и за тргањето на забраната за извоз на српското жито.

-Наша единствена цел е тргање на забраната за сите компании, за сите склучени договори. Ќе испратиме забелешки за одредени договори кои не биле опфатени во делот на пченицата и пченката. Согласно разговорите, очекуваме тргање на забраната за сите производи. Има и други за кои има барања, макотрпно и деноноќно работиме на тоа. Ќе повторам, не треба да има паника кај граѓаните, тие треба да бидат мирни. Храна ќе има доволно, но треба сите одговорно да се однесуваме. Верувам дека со сите наши напори и преку постојаната комуникација со земјите од регионот, ќе обезбедиме се што е потребно. Утре заминуваме во Турција, на разговори за обезбедување вештачко ѓубриво иако во моментов има залихи, подвлече министерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...