14.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаРама во Берлин: Ако во јуни нема почеток на преговорите, Албанија ќе...

Рама во Берлин: Ако во јуни нема почеток на преговорите, Албанија ќе се одвои од С Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Северна Македонија, кога сметаме двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да не разделат затоа што е невозможно долго да се соочуваме, изјави албанскиот премиер на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц
Албанскиот премиер Еди Рама денеска уште еднаш истакна дека Албанија ќе се одвои од Северна Македонија доколку во јуни формално не се отворат преговорите со ЕУ.

<

„Во случајот со одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, одговорот е позитивен: 65 отсто од албанските граѓани кои учествува во националната анкета. Тоа ќе се случи од наша страна само доколку во јуни формално не се отворат преговорите за Албанија поради Бугарија. До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Северна Македонија, кога сметаме двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да не разделат затоа што е невозможно долго да се соочуваме“,

изјави Рама на заедничката прес – конференција во Берлин, со германскиот канцелар Олаф Шолц, јави МИА, повикувајќи се на албанските медиуми.

Според истиот извор, Шолц од своја страна ја нагласил важноста на Берлинскиот процес, додавајќи дека е „време Западен Балкан да се приклучи на ЕУ“.

„Неколку пати го споменав прашањето за членството на Западен Балкан во ЕУ. Верувам дека сега е моментот, дека помина долго време и сега мора да следи следниот чекор. Можам да ве уверам дека со моќта што ја имам и со сета поддршка на федералната влада тоа навистина ќе се случи. Мојот впечаток е дека живееме во ново време и тоа има врска и со руската агресија. Во Европа се зголемува вниманието дека треба да се поддржуваме едни со други. Ќе бидам посветен на сè што го поддржува Берлинскиот процес“,

изјави Шолц.
И минатата недела Рама имаше иста изјава – Албанија ќе побара од Европската Унија да го продолжи процесот на пристапување во Унијата одвоено од соседна Северна Македонија, која сè уште се соочува со бугарско вето.

„Албанија веќе не може да чека двата соседи да го решат спорот“,

рече Рама додавајќи дека Албанија има добри односи со двете земји.
360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...