20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаНепристоен допир од ракометарот бил причина за да почне тепачката која резултираше...

Непристоен допир од ракометарот бил причина за да почне тепачката која резултираше со убиство?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Непристоен допир од ракометарот бил причина за да почне тепачката која резултираше со убиство на 28 годишниот ракометар Денис Тот. Според неофицијални информации на Алфа ова во Обвинителството го кажала 19 годишната девојка, една од осомничените за убиството на ракометарот. По шест дена бегство во притвор заврши и првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски, откако по него беше распишана и меѓународна потерница дури вчера, пренесува Алфа.

<

Според неофицијални информации тој синоќа, по четиричасовни преговори во 1 часот и 20 минути после полноќ сам се предал во полициската станица Аеродром, од каде бил спроведен во Шутка.

Првоосомничениот за кривичното дело убиство на Денис Тот ноќеска околу 02 часот е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, одредена од надлежниот суд. Тој беше баран по потерница односно Наредба на ОЈО Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“, информираа од МВР.

Во јавноста се уште постојат сомнежи дека некој сепак сакал да го сокрие убиството, а за оваа тема се пишува и во хрватските медиуми. Утрото после убиството од Карил соопштија дека тој бил примен без видливи траги на насилство. МВР прво велеше дека нема, за по повеќе од 24 часа да каже дека сепак имало убиство, иако од објавеното видео јасно се гледа дека станува збор за убиство.

Министерот Беким Сали уште го чека официјалниот документ од обдукцијата, а го има само извештајот од внатрешната контрола врз лекарите од здравствениот инспекторат.

-Извештајот од ДСЗИ е доставен кај мене во канцеларија, чекаме извештај од Судска медицина. По комплетирање на сите документи, ќе се формира комисија ако има потреба, ако има сомнеж за некој детал, па потоа ќе ви дадеме изјава. Дефинитивно не би сакал во период кога е отворен случајот да даваме изјава. И со директорката Мојсова разговаравме и со директорката Бухова, дозволете да заврши процесот и ќе има изјава, изјави Беким Сали.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...