Жител на Албанија лишен од слобода и тепан во куќа во Радолишта.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „против правно лишување од слобода“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(43) од струшкото село Радолишта. Тој, на 22.03.2022 година, на локален пат во селото, го пресретнал албанскиот државјанин К.Е.(35) и го повикал во неговото возило, по што го однел во неговиот дом и физички го нападнал, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.