7.4 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопјанец фрлал со краставици во маркет бидеќи не му давале 5 шишиња...

Скопјанец фрлал со краставици во маркет бидеќи не му давале 5 шишиња зејтин !!!

Ограничената продажба на масло за јадење по купувач, предизвика вистински хаос низ продавниците. Додека дел од граѓаните сметаат дека тоа е фер решение и дека таква одлука Министерстото за економија требало да донесе многу порано, дел од купувачите својата нервоза ја истураат врз продавачите.

Таква непријатна случка имало вчера во „Стокомак“ во Тафталиџе кога нервозен купувач протестно почнал да фрла со краставици низ продавницата затоа што му требале 5, а не едно шише со зејтин. Очевидците велат дека глетката била непријатна.

– Зарем сте глупави! Што треба, пет пати да влезам во продавница за да купам 5 шишиња – нервозно викал купувачот и ја расплакал продавачката кон која упатил низа навреди.

Друг купувач, пак, дошол со здравствената книшка на својата мајка за да покаже дека е неподвижна и дека и за неа треба да купи масло за јадење.

Продавачите од „Стокомак“ велат дека им е кажано дека смеат да продаваат на еден купувач по едно шише масло за јадење. Пред некој ден, Министерството за економија упати писмо до сите трговци дека може да продаваат само ограничена количина на масло за јадење. Иако не беше прецизирана количината, продавници кај кои има зејтин, продаваат по едно шише. Пишува Слободен Печат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...