2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче: Можни се нови рестриктивни мерки, само доколку се пополнат болничките...

Венко Филипче: Можни се нови рестриктивни мерки, само доколку се пополнат болничките капацитети

spot_imgspot_img

Филипче: Можни се нови рестриктивни мерки, само доколку се пополнат болничките капацитети…Министерот за здравство Венко Филипче, во изјава за Сител истакнал дека ние сме една од ретките земји која целиот овој изминат период има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени…информираат од Министерството за здравство.

„Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Задолжителното носење на маски, одржувањето на физичката дистанца… е единствениот начин со кој ние ќе излеземе од оваа здравствена криза. Ако се придржуваме до превентивните мерки, бројот на заболени ќе се намалува. Единствена дополнителна мерка како што е рестрикција во движење може да дојде предвид во даден момент, во случај на окупираност и пополнетост на болничките капацитети. Ние во овој момент немаме индикација за тоа.

Не можеме да живееме затворени и со рестрикции. Епидемијата ќе трае и по пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението“, нагласил Филипче, додавајќи дека имаме потпишано писмо до Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцините, тогаш кога ќе бидат на располагање, објави Сител.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...