8.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаНаставниците што штрајкуваат нема да добијат плата, ќе им се исплатат само...

Наставниците што штрајкуваат нема да добијат плата, ќе им се исплатат само придонесите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата на Македонија во преговорите со СОНК понуди зголемување за 10% на платите кои ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот.

<

-Тоа значи дека наставниците и воспитувачите би добиле просечно зголемување за 2.500 денари на нивните месечни примања. Воедно и методологијата со која Владата ќе обезбеди континуиран раст на платите, ќе обезбеди трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образование. Синдикатот треба да има верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците и на вработените во градинките од 21 %. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786 денари. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874 денари. На воспитувачите пак во градинките платата им е зголемена за околу 6.400 денари плус минат труд, додека на негователите за околу 5.000 денари, соопштија од Владата на РСМ.

Од Владата сметаат дека е исклучително важно што постојано се подобрува на статусот на вработените во образованието, според воспоставената пракса од оваа Влада.

-Така во периодот од 2018 година до 13 април годинава на неопределено време се вработени вкупно 2.375 лица, што е половина од вкупната бројка на вработени во градинките која се движи околу 4.600. Меѓу нив има работни места кои се трансформирани од определено на неопределено, но и отворени се нови вработувања. Дополнително во истиот период се обезбедени 416 согласности за унапредување на кадарот, стои во соопштението од Владата кое пристигна откако СОНК соопшти дека донеле одлука генералниот штрајк во образованието да не го прекинуваат.

Владата смета дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза. Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат, соопштуваат од Владата.

Од таму предупредуваат дека со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата на Владата со која се отвора простор за трајно решавање и подобрување на стандардот на вработените во образованите, ризикот за продолжување на училишната година е особено извесен.

-Во овој контекст, несериозно е да се ставаат во ризик и да им се прави штета во личниот развој на децата кои треба да го продолжат образованието, да се запишат во средните училишта, да полагаат матура и да се запишат на факултетите во земјава и странство, нагласуваат од Владата.

Дополнително, согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите. Ова произлегува од одлуката на СОНК да организира и одржува генерален штрајк за унапредување на правата на работниците, а во периодот од шест месеци од донесувањето односно зголемувањето на минималната плата. Законската обврска за усогласувањето е шест месеци од донесувањето, односно зголемувањето на минималната плата и Владата, а министерствата и СОНК сѐ уште преговараат во овој законски предвиден рок.

-Децата и учениците треба да ни се на прво место, затоа нарушувањето на образовниот процес е спротивно на правата загарантирани со Уставот и Законите. Местото на учениците е во училиштата и настава мора да има, нагласуваат од влада.

Извор: Слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сајкоски со новото амбуланто возило во Кочани: Ги повикувам и другите компании да донираат.

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија -...

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...