18.9 C
Ohrid
четврток, август 7, 2025
ПочетнаМакедонијаНа предлог на ТМРО 16-кракото сонце стана знаме на Лозово, „за“ гласаа...

На предлог на ТМРО 16-кракото сонце стана знаме на Лозово, „за“ гласаа и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со седум гласа „за“ и два против денеска советниците на Општина Лозово гласаа за тоа 16-кракото жолто сонце со десет сини цвета во внатрешниот дел на црвена подлога да биде официјално знаме на општината. Предлогот беше поднесен од Зоран Иванов, советник на општината од ТМРО.

<

За предлогот гласаа тројца советници на ВМРО-ДПМНЕ, тројца на СДСМ и советникот Иванов. Против беа советниците ЛДП-ДОМ и независниот, велат од ТМРО.

„Тргнувајќи од историскиот факт дека Република Македонија 1991 е конституирана како матична држава на македонскиот народ, наша должност како Македонци е да го чуваме и негуваме македонскиот идентитет и обележјата на секаде, вклучително и општините. Очекуваме советниците да го изгласаат македонското 16-крако сонце за знаме на Општината или во спротивно со референдум тоа ќе го направат жителите“, пишуваше во предлогот на ТМРО.

Очекуваме и останатите совети на општините да донесат исти одлуки и македонските општини да го вратат македонскиот национален симбол, вели Ванчо Шехтански, претседател на ТМРО.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се поставуваат камери на автопатот Кичево – Охрид: Ќе следи казна за брзо возење

Од денес, на трасата на автопатот Кичево - Охрид, официјално се поставуваат нови камери за мерење брзина и казнување на прекршители. Камерите се поставуваат на...

Коце Трајаноски за автопатот Кичево Охрид: Ветувањата се за да се исполнат

Ветувањата се за да се исполнат❗️ А, за да ги исполниме треба да работиме со полна пареа❗️ Токму така, со полна пареа, се работи и се...

Погребан Душко Чифлиганец – илјадници луѓе дојдоа да го испратат (ВИДЕО)

Илјадници граѓани, од Скопје, неговото родно Радовиш и Раклиш, од Македонија и од други континети, со тага и болка се простија од младиот визионер,...

Авион на WizzAir удрил во јато птици при полетување од Скопје.

Авион на нискобуџетната авиокомпанија „Wizz Air“, кој вчера полетал од скопскиот аеродром кон Базел, бил принуден итно да се врати и слета на Меѓународниот...