22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаНеделков: Вредам повеќе од платата што ја земам

Неделков: Вредам повеќе од платата што ја земам

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од спротивната страна не можат да поверуваат како тоа нашите членови се воедно и дел од членството на влаједачките партии, а дел од нив ѝ припаѓаат и на опозицијата, па сепак, тие се единствени како членови на синдикатот. Никаков притисок нема да го поремети единството на членството, вели првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.
Неофицијално дознаваме дека на денешната седница на Владата ќе се разгледува нашето барање, па доколку добиеме нов предлог тогаш тоа ќе биде разгледано од синдикалните организации и попладнево ќе донесеме одлука дали штрајкот во училиштата и во градинките ќе продолжи, вели за Плусинфо претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

<

На обвинувањата дека тој зема висока плата, Неделков одговара дека нема намера да се расправа преку медиуми со своите неистомисленици, но тврди дека ништо што е кажано не го нарушува единството на членството на СОНК.

Вредам многу повеќе од платата што ја земам. Од спротивната страна не можат да поверуваат како тоа нашите членови се воедно и дел од членството на влаједачките партии, а дел од нив ѝ припаѓаат и на опозицијата, па сепак, тие се единствени како членови на синдикатот. Никаков притисок нема да го поремети единството на членството – додава Неделков.

Веќе втора недела трае штрајкот во училиштата и во градинките, а досега од СОНК ја одбија понудата на владата за зголемувањето на платите во образованието од 10 отсто. Оттаму бараат покачувањето да изнесува 18 отсто, но спремни се со цел да се испочитува општиот интерес, тие повторно да преговараат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...