15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаНема да има повеќе судски совет- Судиите сами меѓусебе ќе се оценуваат.

Нема да има повеќе судски совет- Судиите сами меѓусебе ќе се оценуваат.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Имплементацијата на Методологијата за квалитативно оценување на судиите и на претседателите на судовите продолжи со обука на судии кои се членови на комисиите формирани од Судскиот совет. Во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи денеска во Скопје се обучуваат судии од Врховниот суд, судии од апелационите судови, како и судии од Вишиот управен суд. Овие судии ќе ги оценуваат судиите од апелациите, основните судови и Управниот суд за да се изврши селекција и бодување на кандидатите кои се пријавени на огласите на Судскиот совет.

<

Методологијата за квалитативно оценување преставува нов модел на евалуација на трудот на судиите, односно оценувањето нема да го прави Судскиот совет како до сега, туку самите судии ќе ги вршат проверките на перформансите за квалитет на секој судија. Методологијата е вградена во АКМИС системот и со нејзината дигитална примена ќе се изберат пет предмети по случаен избор кои ќе бидат оценувани од комисиите, но судијата ќе има право да предложи и други пет предмети по негов избор, соопштија оттаму.

Преку оценување на десетте предмети на судијата практично ќе се дефинира неговата вкупна оценка. За прв пат при оценувањето ќе се земат предвид сите елементи поврзани со судиската работа и евалуацијата ќе се врши врз основа на објективни, а не на субјективни критериуми.

Едноставно, со внесување на податоците за конкретен предмет, самиот систем ќе ја одреди оценката за судијата, а не тоа да го прави човечки фактор.

Со ваквиот начин на оценување во иднина ќе напредуваат само оние судии кои реално заслужуваат, а така ќе се гради независноста, обејктивноста и одговорноста на судството. Преку воспоставување на овие принципи ќе се врати и довербата на гражаните во судството, додаваат од Судскиот совет во своето соопштение.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...