25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ: Не е точно дека знамето од Кутлеш ќе се вее во...

СДСМ: Не е точно дека знамето од Кутлеш ќе се вее во општина Лозово, можно е советниците да бидат исклучени после ова !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

СДСМ ја информира јавноста дека не се целосно точни пласираните информации дека симболот на поранешното знаме (Сонцето од Кутлеш) со одлука на советот на општина Лозово е веќе официјално знаме на општината.

<

Не станува збор за донесена одлука на Советот, туку за заклучок со којшто се задолжува општинската администрација да провери дали овој симбол на поранешното знаме може да биде официјално знаме на општина Лозово.

Иако не станува збор за конечна одлука, СДСМ се оградува од ова несоодветно однесување на советниците коешто може да се толкува дека е во спротивност пред сѐ со државните интереси, со добрососедските односи со Грција, но и со политиките и статутарните одредби на СДСМ.

Вакви непромислени постапки може да отворат прашања за непочитување на меѓународните договори, што негативно влијание на стратешките интереси на државата. Во конкретниот случај, Преспанскиот договор, кој директно го овозможува нашето членство во НАТО и го помага процесот на преговори со ЕУ.

Во интерес на нашата држава е да го почитуваме и доследно да го имплементираме Договорот што помогна да ја надминеме најголемата пречка што го блокираше нашиот меѓународен развој.

Во оваа насока, информираме дека Надзорниот одбор на СДСМ започна постапка, го разгледува овој случај и утврдува прекршување на етичкиот кодекс и статутарните одредби. Врз основа на одлуката на ова партиско тело ќе произлезат одлуки дали советниците на СДСМ ќе бидат исклучени од партијата, стои во реакцијата на партијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...