19.7 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаОд 2020 година во Министерството за здравство не е отворен конкурс за...

Од 2020 година во Министерството за здравство не е отворен конкурс за прием на нови лекари – Министерот Сали вели директорите да обезбедат средства и простор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од 2020 година во Министерството за здравство не е отворен конкурс за прием на нови лекари. Тие неколку пати се обратија до редакцијата на ТВ21 за да го прашаат министерот за вработувањата во болниците низ градовите во земјава. Но, првиот човек на здравство Беким Сали вели дека директорите на болниците треба да издвојат средства и простор за нови вработувања.

<

„Секој раководител на јавна здравствена установа има обврска да обезбеди простор, средства и персонал за извршување на своите работни задачи. Барања доаѓаат од време на време, но повторно ќе кажам тоа е одговорност е на секој менаџер или директор на јавна здравствена установа“, вели Беким Сали.

Но, директорот на Охридската болница Горан Балевски телефонски за ТВ21 изјави дека од Министерството за финансии добиле согласност за вработување на над 30 лекари, медицински сестри и други вработени, но според него, Министерството за здравство веќе две години не дало ниедно одобрување за нивно примање и систематизација.

Инаку за вработување во јавна болница, директорот мора да го извести Министерството за здравство, потоа Министерството за финансии, каде треба да се обезбедат средства и на крајот, со согласност на Министерството за здравство, се објавува конкурс.

„Постапката за пополнување на работното место во здравствена установа е регулирана на тој начин што вработувањето на здравствените работници, односно здравствените соработници се врши за транспарентна постапка врз основа на критериумите на стручност и компетентност и спроведување на адекватен и еднаков принцип, застапеност на сите етникуми“

Голем е бројот на невработени лекари или оние кои неколку години чекаат да се вработат во Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...