21.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Крушево ревија на шарпланинци во чест на Тоше Проески

Во Крушево ревија на шарпланинци во чест на Тоше Проески

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По повод 15 години од загинувањето на нашата најголема музичка ѕвезда во Крушево се организираше „Меморијал Тоше Проескии“ специјализираната ревија на изворни македонски шарпланинци и коњи, каде покровител беше Општина Крушево, а организатори се коњичкиот клуб „Мусица“ и Енџел Мјузик. Одгледувачите на овие кучиња се особено горди на нив бидејќи ги сметаат за чиста раса, која била поубава и поинтелегентна од урбаните шарпланинци кои на сите ни се познати. Станува збор за овчарски кучиња, кои се доволно силни да се борат со волците.

<

„Македонско кинолошко богатство. Ги има во разни варијанти. Така е и на самот терен. Еве пример ова е тип на карабаш, прочуен постар пес, со изразито забало, тој мора да биде моќен за да се бори со волците кои имаат страшно силна вилица“, вели Тони Шмит, кинолог и одгледувач на стари автохтони македонски шарпланинци.

Освен до Македонија имаше гости и од соседна Србија каде исто така просперира овој вид на кучиња. Овие кучиња за жал бидејќи се изворна раса не можат да добијат педигре и поребни документи за на изложби.

„Ова е овчарски пес. До скоро беше на бачило чуваше овци, а сега моментално е кај мене дома. Ја продолжуваме линијата на таа стара изворна раса на шарпланинци“, вели Иван Стојановиќ, одгледувач на изворна раса на шарпланинци.

На ревијата имаше и коњи. Тие се користат пред се за туристичка промоција. Голем број туристи кои доаѓаат тука сакаат да ја видат крушевската корија јавајќи на коњ.
Sitel.Tv

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...