16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаВо областа Гора и Жупа на Косово не живеат бугари туку Македонци

Во областа Гора и Жупа на Косово не живеат бугари туку Македонци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги отфрла обидите на Софија – Гораните да ги декларира како “бугарско малцинство“ на Косово.

<

СМК повторува дека на Косово не живеат Бугари туку Македонци!

СМК бара Косовската Влада да ги признае Македонците во областите Гора и Жупа и да не подлегнува на софиските притисоци за менување на вистината и историјата за Македонците на Косово!

СМК најостро ја осудува анткмакедонската пропаганда на Софија меѓу Македонците во областите Гора и Жупа на Косово, претставувајќи ги за “Бугари“.

СМК ја осудува бугарската пропаганда во Косово за денационализација и асимилација на Македонците во “Бугари“.

СМК и натаму повторува дека Македонците на Косово, независно од вероисповедта, се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Македонците во Косово никогаш не биле, никогаш нема да бидат “Бугари“!

СМК потврдува дека најголемиот број Горани имаат македонско државјанство!

СМК апелира Македонската Влада да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ на Косово!

СМК од властите на Косово очекува унапредување на положбата и правата на Македонците на Косово и продлабочување на македонско-косовските билатерални односи, но врз основниот принцип на меѓународното право на “суверена еднаквост” што подразбира: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи.
Весник Илинден

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...