8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаКамчев за да не оди во затвор се испазари со државата за...

Камчев за да не оди во затвор се испазари со државата за 5-милиони евра.

Во текот вчерашниот ден, Основниот кривичен суд Скопје прифати две Предлог спогодби склучени пред поднесување на Обвинителен акт помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и двајца обвинети во предметот „Империја“.

Спогодбите се однесуваат за кривични дела опфатени со Наредбата за спроведување на истражна постапка за период до 2009 година. Со опишаните дејствија обвинетиот Ј.К. сторил кривично дело – „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.4 вв ст.3 и ст.1 и чл.22 од КЗ, додека обвинетиот Н.Ј. сторил кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело“ од член 273 ст.1 од КЗ. Двајцата обвинети го признаа извршувањето на кривичните дела што им се ставаат на товар и се согласија да им биде изречена казна затвор во траење од по една година во која ќе им се засмета и времето поминато во притвор. Во исто време, правното лице „Кара“ АД Скопје како правен следбеник на правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје и ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци беше задолжено да ја надомести штетата на Буџетот на Република Северна Македонија на име на неплатени даноци во износ од 320.918.372,00 денари.

Во временскиот период од јануари 2004 година до март 2006 година обвинетиот Ј.К. заедно со обвинетите К.К.С. и З.А. и покојниот И.К., како одговорни лица извршни и неизвршни членови на Одборот на директори во правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје кое во октомври 2004 година е преименувано во ДПТУ „ХООР“ АД Кавадарци, ги искористиле своите овластувања и положба и го оштетиле доверителот – Министерството за финансии – Управа за јавни приходи Скопје, за износ 322.918.371,00 денари.

Обвинетиот Ј.К., во јануари 2004 година, основал оф-шор компанија во САД. Од страна на обвинетите Ј.К., К.К.С. и З.А. заедно со сега покојниот И.К. била донесена одлука за склучување на фиктивен договор со компанијата за наводна изработка и испорака на конфекција – воени униформи. Компанијата која немала вработени лица, ниту деловни активности, била застапувана од обвинетиот Д.Ј. – вработен како возач во правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје, кој прифатил да се потпишува како полномошник. Заради наводно обезбедување дека униформите ќе бидат изработени, поголем дел од имотот на „Орка холдинг“ АД Скопје бил ставен под хипотека. За да го намали имотот на „Орка холдинг“ АД Скопје, обвинетиот Ј.К. во име на правното лице од САД во период од месец мај 2004 година до мај 2005 година, во неколку наврати изготвувал невистинити фактури со вкупен износ од 11.000.000,00 евра кои биле евидентирани во книговодствена евиденција како вистинити. Овие фактури биле основа правното лице во чие име постапувал обвинетиот Д.Ј. да поведе судски постапки и да бидат признаени побарувањата што произлегуваат од нив. Врз основа на извршни решенија, правното лице – доверител ја блокира жиро сметката на „Орка холдинг“ АД Скопје кое во меѓувреме се преименува во ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци.

На крајот на месец август 2005 година обвинетиот Ј.К. иако знаел дека побарувањата се невистинити преку правното лице – доверител, поднесува барање за отворање на стечајна постапка над ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци. Со тоа Ј.К. како вистински сопственик на правното лице – доверител поднел невистинито стечајно побарување, по што Основниот суд Кавадарци во 2006 година донел решение со кое го одобрил планот за реорганизација на стечајниот должник ДПТУ“ХООР”АД во стечај – Кавадарци. Со ова за правното лице од САД е прибавена противправна имотна корист од 108.251 акции и станува доминантен сопственик на акциите на правното лице ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци на кое правен претходник е „Орка холдинг“ АД Скопје. Правното лице од Швајцарија каде еден од крајните сопственици бил сега покојниот И.К. станува сопственик на 18.381 акција, па доверителот Министерството за финансии – Управа за јавни приходи Скопје е оневозможена да го наплати побарувањето во износ од 322.918.371,00 денари утврдено со решение на Основен суд Кавадарци.

За повеќе детали,Тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...