19.2 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Обезбедувањето на Мицкоски го оставило возилото 13 часа да работи во...

Спасовски: Обезбедувањето на Мицкоски го оставило возилото 13 часа да работи во место.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната сесија на пратенички прашања во Собранието рече дека лице од службеното обезбедување кое го побарал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оставил службено возило да работи во место 13 часа.

<

– Едно од лицата за обезбедување на вашиот лидер зема службено возило и заборави дека го оставил 13 часа во погон пред една продавница. Обезбедувањето на лидерот на опозицијата заборавило во погон возило и за него беше појкрената постапка и беше казнет, гласеше дел од одговорот на Спасовски кон пратеникот Драган Ковачки.

Министерот потсети дека вакво барање за службено обезбедување било доставено од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа испратено до Агенцијата за национална безбедност да направи проценка дали е потребно физичко обезбедување за да се зачува неговиот интегритет под закани упатени на Фејсбук.

Мицкоски пред четири гдоини доби полициско – службено обезбедување. Полициско обезбедување може да се додели по барање на лицето кое појаснува дека има безбедносен ризик по неговиот живот или да биде продолжено по претходна проценка за безбедноста на субјектот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...