14.9 C
Ohrid
среда, март 12, 2025
ПочетнаМакедонијаМаксим Димитриевски до Ахмети: Сè додека постои последниот Македонец во оваа држава...

Максим Димитриевски до Ахмети: Сè додека постои последниот Македонец во оваа држава Македонија ќе постои како што постоела отсекогаш

spot_img

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во однос на отворањето на спомен кулата на загинатите борци на ОНА во Слупчане истакна партијата ДУИ којашто на последните парламентарни избори се декларирала како зелена и реформирана партија со нови политики којашто ќе гради добри меѓуетнички односи, позитивно расположение во државата, олеснување на состојбите, денеска ја гледаме повторно во исто светло, многу слично како во 2001 година.

<

„Во неколку наврати имам кажано, таа партија сè уште се води и се управува од Мала Речица. Сè додека е така мислам дека одиме во погрешна насока. Но, можам да му порачам на господинот Ахмети се додека постои последниот Македонец во оваа држава и граѓани коишто ја сакаат во целост државата без разлика на својата етничка, верска или било која друга припадност Македонија ќе постои како што постоела отсекогаш“, рече Димитриевски.

Тој потенцираше дека овој споменик не ги спојува Македонците и Албанците.

„Еве погледнете ги реакциите на граѓаните на социјалните мрежи и јавните коментари, направете јавна анкета и ќе видите дека споменикот не не обединува. Дури и во втор план го стави најголемиот муслимански празник, токму денеска во државата. Кога сте партија кога немате што да понудите на граѓаните и кога повеќе од 21 година сте на власт безидејни тогаш мора да одите со вакви проекти, кои се на тенка линија со законитоста и се пркосат со законот и едноставно му го нудите популизмот и
национализмот на граѓаните. Не сум изненаден ништо од нив, бидејќи самата реторика во рамки на локалните избори беше една негативна со црна кампања и повторно не успеаа да направат ништо без разлика што вршеа огромен притисок кај сите нивни членови, активисти. Дистрибуираа негативен, црн материјал против мене со овие исти тези, дури во некои моменти велеа „Максим ќе го исклучи езонот“, демек како јас да сум оџа, а не политичар и градоначалник. Спротивно на тоа, ако ја погледнете
мојата официјална Facebook страница ќе видите дека голем број на објави и пораки кои ги испраќам до граѓаните се токму мултијазични, Македонски, Албански, Српски, Ромски и другите етнички заедници кои се во Куманово. Дополнително, деновиве организиравме еден голем број на ифтарски вечери. Ги почитувам сите и така сум се однесувал и така ќе се однесувам, а тоа се потврди и на последните избори, бидејќи добив значителен број на гласови кои доаѓаат од другите помали етнички заедници, вклучувајќи ги Албанците и останатите етнички заедници“, изјави Димитриевски.

Во централниот Дневник, Димитриевски посочи дека национализмот излегува токму од устата на тие кои почиваат на национализам и ја градат својата политичка кампања и своите политички рејтинзи токму на таков начин.

„Ако ја направите анализата дека господинот Ахмети да учеше годишно по еден збор Македонски сите овие 20 години денеска ќе знаеше барем најмалку 20тина реченици да се обрати на своите сограѓани Македонци. Но, тоа е тоа, ние ќе работиме на некои попозитивни политики за да промовираме реален соживот, тоа за што ние суштински се боревме некогаш и верувавме. Се уште верувам дека Македонија може да биде еднакво и исто општество за сите, да даде еднакви можности, но притоа не можам да се чувствувам националист ако ме обвинуваат дека сакам да им изградам споменик. Тоа е иницијатива која доаѓа од Синдикатот на полицијата на Македонија и здружението на пензионираните воени старешини и полициски ветерани, овие две здруженија буквално се мултиетнички и тие имаат за цел да им оддадат почит и признание на паднатите борци кои се бореа за Македонија, а да не зборувам за 2015 и сите знаеме многу добро што се случи. И сега, ако правиме паралела, на она што денеска се случи во Слупчане и она што сакаме ние да го направиме во Куманово и токму тие кои всушност градат споменик на УЧК којашто мора да признаеме и реално и искрено да говориме пред Македонската јавност дека ние Македонците УЧК ја чувствуваме 2001 година, онака како окупациона сила, а впрочем и меѓународниот фактор на самиот почеток, самиот Џорџ Роберсон го потврди тоа и кажа дека тоа не се борци, туку се организација милитантна, терористичка која се бори против Уставниот поредок на државата. Подоцна се сменија работите, заврши војната. Се донесе законот за амнестија, беа амнестирани сите, почнавме да градиме заедничка држава, да ги забораваме работите од минатото и одеднаш се случува ова во Слупчане. Искрено, жалам, но за тоа треба да дадат одговор повисоките истанци на власта и дополнително да влезат во легитимитетот и спроведената одлука, бидејќи едно е да градите спомен обележје, а друго е да градите споменик“, додаде Димитриевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Дамева со чанта вредна над 3.000 евра додека пратениците ѝ гласаа недоверба

Поранешната претседателка на седницата на која го одржа својот комедичен говор во кој наведе дека таа и нејзиното семејство биле мета од страна на...

Палчо првично мислеше да го грабнеме директорот на Гранит, а потоа се одлучи за жена

Со сведочење на Велибор Манев, продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Манев низ денешниот распит кажа дека Палчо пукал...

Палчо влета и му испука куршум во слепоочницата на Панче – шокантно сведоштво на Велибор Манев

Обвинетиот Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска во судница даде исказ за двојното убиство. Тој до...

Иљази призна вина за злоупотреба на службената положба на Токсикологија и се спаси од затвор

Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија со признание на вина е осудена минатата недела во скопскиот Кривичен суд за злоупотреба на службената положба...