28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНа 3 мај 1942 кај село Лавци, Битолско е убиена Елпида (Пида)...

На 3 мај 1942 кај село Лавци, Битолско е убиена Елпида (Пида) Ставрева Караманди !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 3 мај 1942 кај село Лавци, Битолско е убиена Елпида (Пида) Ставрева Караманди (псевд. Бисера и Нада), припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење, учесник во антифашистичката борба во Вардарскиот дел на Македонија. Родена во Лерин, Егејски дел на Македонија, на 1 јануари 1920 година. Од раното детство живеела во Битола, каде што завршила гимназија. Како студент од 1938 година била учесник во македонското студентско движење на Белградскиот универзитет. Како член на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ од 1939 година и на КПЈ од јуни 1941 г., била организатор на женската младина во комунистичкото движење и во Националноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ). Извесен период била ангажирана во партиската техника на Месниот комитет на КПЈ во Битола. По апсењето од бугарската полиција, поради немање докази, била ослободена. За да го избегне натамошното полициско проследување, преминала во илегалство. Наскоро, во јануари 1942 година, била избрана за член на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија и заминала како борец на Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“. Во борбата на одредот кај Лавчанската Корија (над село Лавци, Битолско), против бугарската војска и полиција била тешко ранета и заробена, по што ја влечеле врзана за запрежна кола по битолските села за да го заплашат населението. Во такви околности и починала. Уште во истата година била објавена првата народна песна во знак на признание кон нејзиниот лик и дело, зашто „Нада студентката за народ загина, за народ загина–за Македонија.“ Опеана била и во познатата народна песна „Таму ле, мајко, близу Битола” од 1950 година и во други народни и авторски песни. Прогласена била за народен херој на Југославија на 11 октомври 1951 година.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...