17.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаОхриѓанец со години мака мачи со градежната мафија, коромпираните судии и вештаци.

Охриѓанец со години мака мачи со градежната мафија, коромпираните судии и вештаци.

Цели шест години еден Охриѓанец води битка во институциите против група вештаци и обвинители за кои се сомнева дека се поврзани со градежната мафија. Неговите докази се обемни и заслужуваат внимание. Неговата последна надеж е Државната комисија за спречување на корупцијата.
МАКЕДОНИЈА.

На 18 февруари годинава, на адресата на Б.И, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), пристигнал допис од лице од Охрид, кое одлучило да пријави, како што вели, „коруптивно делување на лица вработени во Основното јавно обвинителството во Охрид“. Пријавувачот, кој поради страв од последици засега сака да остане анонимен, тврди дека „поединци вработени во Обвинителството не само што ја злоупотребиле јавнообвинителската функција, туку се и соучесници во извршувањето на кривично дело, со што ги злоупотребиле своите службена положба и овластување“.

Голготата на Охриѓанецот почнува на 8 јануари 2015 година. Тој ден тој, во својство на инвеститор, ќе склучи договор за изградба на станбена куќа со деловен објект (УЗП бр. 235/15, заведен кај Нотар С.Г од Охрид). Како изведувач на работите се јавува градежна фирма од Струга. Во својот допис до ДКСК пријавувачот ги наведува имињата на фирмата и на нејзиниот управител, но со оглед на фактот што самиот тој сака да остане анонимен, Редакцијата на Плусинфо одлучи во анонимност засега да ги чува имињата на сите засегнати. Така е фер, а ДКСК ионака ги знае сите имиња и генералии на засегнатите, а поседува и обемна документација во врска со овој случај.

Инвеститорот и изведувачот на работите се договориле исплатата за објектот да биде етапна, во фази. Но, иако било договорено Охриѓанецот целиот износ да го плати по примопредавањето на објектот, управителот на струшката фирма го убедил дека му пристигнала машина за која требало да плати царина и дека итно му требале пари. Така, инвеститорот предвреме го исплатил целиот износ, иако работите на објектот не биле целосно завршени. Охриѓанецот го прекршил златното правило кое вели – никогаш не давај пари пред време, на незавршена работа.

Откако ќе ги добие парите, Стружанецот ја прекинува работата. Скоро цела една година инвеститорот попусто се обидувал да го натера изведувачот да го доврши објектот. Му испратил и две писмени опомени, во кои се заканил дека ќе биде принуден по судски пат да побара исполнување на договорот. Следниот чекор на Охриѓанецот бил да обезбеди доказ и пресметка на незавршените работи. Судот излегол на самото место, извршил увид на објектот во присуство на вешто лице, градежен инженер, кого го задолжил да подготви стручен наод и мислење за градежната состојба во која се наоѓа објектот. Откако го обезбедил тој доказ (ВПП2-299/15), Инвеститорот, за да не трпи загуби (бидејќи за изградбата на објектот имал земено кредит од банка, за кој плаќал камати) го довршил објектот со други мајстори, со сопствени средства, а против струшката градежна фирма и против нејзиниот сопственик на 3 февруари 2016 година поднел тужба.

За потребите на судската постапка, Основниот суд од Охрид побарал да се подготви супервештачење, од страна на Бирото за судски вештачења во Скопје. На 6 октомври 2017 година, на самото место пристигнале вештаци од Скопје, но бидејќи објектот бил целосно завршен, а деловниот простор издаден под кирија, вештаците немале што да вештачат на теренот. Во таа прилика, тужениот управител на струшката фирма на вештаците им дал градежен дневник, кој до тогаш не бил во списите од предметот.

Инвеститорот тврди дека градежниот дневник бил бланко и немало никаков потпис, ниту од негова страна како нарачател, ниту од страна на надзорниот орган, а ниту име и презиме и потпис за тоа кој го водел и кој го пополнил истиот. Но, вештаците од Скопје го прифатиле, баш како да се работи за веродостоен документ, па почнале да извлекуваат заклучоци од него. Подоцна, во текот на постапката, ќе се дознае причината зошто дневникот е предаден бланко, без име и презиме и без потпис од лицето кое го пополнило, но и без број на овластување кое го издава Министерството на транспорт и врски и Комората на овластени архитекти и инженери на РСМ.

Градежниот дневникот го пополнил лично тужениот управител, со цел да не го изгуби судскиот спор, тврди инвеститорот. При пополнувањето на градежниот дневник, тужениот бил свесен дека постапува спротивно на Законот и дека не смее пополни градежен дневник без овластување од Комората на овластени архитекти и инженери. Ете поради тоа, со намера да прикрие дека тој лично го пополнил дневникот, полето каде е предвидено да се внесат податоци за лицето кое го пополнило градежниот дневник, го оставил празно и не го пополнил. Не напишал ниту број на овластување, а ниту го заверил со свој потпис. Но, сето тоа на вештаците од Бирото за судски вештачења во Скопје не им било сомнително.

Стручно мислење за градежниот дневник Охриѓанецот побарал и добил од проф. д-р. Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Во заклучокот на стручното мислење на професорот Грчев се констатира дека „наодот и мислењето“ на вештаците од Скопје во потполност се спротивни на Законот за градење и на Правилникот за формата и содржината и начинот на водење градежен дневник. Имено, Грчев утврдил дека иако во Наодот на Бирото за судски вештачења од Скопје (СВ 3 333/17) се констатира дека овој градежен дневник не е потпишан од овластени претставници на изведувачот и на инвеститорот, понатаму во Наодот се цитира овој ништовен документ како да се работи за веродостоен, од кој може да се изведуваат докази. Така, на незаконски начин, градежниот дневник се претвора во доказ во судска постапка.

СВР Охрид поднела две кривични пријави, Обвинителството двете ги отфрлило?!
За повеќе детали,Тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановец вo полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор.

Кумановец в полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор. Вчеравечер во 03.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од Куманово,...

На 13 октомври 2003 година во Скопје почина еден од најлегендарните актери во Македонија, Ѓорѓи Колозов.

На 13 октомври 2003 година во Скопје почина еден од најлегендарните актери во Македонија, Ѓорѓи Колозов. Колозов е роден на 26 февруари 1948 година во...

Велешани ја направија најголемата пастрмајлија од 4 метра и 20 сантиметри- Питијадата се изеде за 11 минути !!!

За 11 минути се потроши џиновската пита пастрмајлија, која мајсторите од пекарата „Гемиџии“ од Велес, ја подготвуваа 6 часа. Од година во година џиновската...

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...