25.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаВеќе три дена осудените во случајот „Диво Насеље“ штрајкуваат со глад

Веќе три дена осудените во случајот „Диво Насеље“ штрајкуваат со глад

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Веќе три дена осудените во случајот „Диво Насеље“ штрајкуваат со глад – спијат и престојуваат во ходник. Роднина на еден од затворениците, за ТВ21 рече дека нивната здравствена состојба се влошува и дека немаат соодветен медицински третман. Меѓутоа, заменикот-директор на Затворот „Шутка“, Садуш Арифи го демантира тоа. Тој за ТВ21 рече дека затворениците од кумановската група се добро и дека затворскиот лекар редовно ги посетува. Според Арифи затворот „Шутка“ не може да им ги дозволи поволностите што ги бараат тие, бидејќи немаат правилници за проценка за безбедност, третман, можност за работа и право на користење слободен викенд.

<

Дел од нив ги исполнуваат условите за користење поволности – да излезат за викенд, за одмор и за семејни посети, меѓутоа условите во просториите на затворот „Шутка“ не се такви за да им излеземе пресрет на барањата кои им следуваат како затвореници. Се очекува во текот на месецов да бидат префрлени во затворот „Идризово“ или на друго место, за потоа да можат да го добијат соодветниот третман. Со закон им следува, ги исполнуваат условите, имаа нормално и добро однесување и нема никаква пречка за да им бидат одобрени третманите“, истакна Садуш Арифи.

Тројца од осум затвореници го прекинаа штрајкот. Директорот на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски, рече дека со оние кои се откажале од штрајкот постигнале договор да им биде дозволена семејна посета во затвор.

„По мојата посета во затворот „Шутка“ од осум затвореници кои штрајкуваа со глад, три лица го прекинаа, а останатите продолжуваат со штрајкот, но се во добра здравствена состојба. Со лицата кои го прекинаа штрајкот се договоривме да им се овозможи семејна посета во затвор. А што се однесува до останатите поволности, како што се слободни викенди, сме во процес на разговори. Тие сѐ уште немаат можност да излезат вон затворот за време на викенд“, вели Марјан Спасовски.

Tv21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...

„Цаци, готова си“ – Охриѓанец упатил закани кон пратеничката Славјанка Петровска пред нејзиниот дом

Доцна синоќа околу 23 часот, пред зградата каде што живее, пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска доживеала непријатен инцидент. Автомобил со охридски...

Дијана Габровска уапсена на Халкидики- Со двајца црнци снимала филм за возрасни.

Необичен инцидент се случил на осамена плажа на Халкидики. Двајца црнци и една жена од бугарско потекло биле уапсени додека снимале филм за возрасни,...