20.9 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаПовисока еколошка такса при регистрација доколку вашето возило загадува !!!

Повисока еколошка такса при регистрација доколку вашето возило загадува !!!

Од средината на април, сите станици за технички преглед од Министерството за животна средина и просторно планирање се задолжени да вршат нови пресметки и уплати на собраниот еколошки надомест врз основа на новите одредби од Законот за животна средина чии измени стапија во сила на 17 април 2022 година.

Министерството упатило циркуларен допис до сите станици за технички преглед на национално ниво со кое тие се информираат за новите измени на Законот со цел за унифицирање на начинот на водење, евиденција и изработка на извештај за уплатениот надоместок што го плаќаат правните и физичките лица што ја загадуваат животната средина со користење на моторни возила.

„Со воведените измени се прави поделба на висината на надоместокот за животна средина согласно категоријата на моторни возила при нивната регистрација, согласно утврдените номенклатури при што основни критериуми се староста на возилото и зафатнината на моторот на моторното возило или на пловниот објект“, вели Сашка Брбиќ, помошник-раководителка на Секторот за административни службеници во Министерството за животна средина.

Од 17 април па наваму, се јавија и првите реакции на сопствениците на моторни возила, кои досега плаќаа од 110 до 120 денари за еколошка такса, а сега со новите измени им се пресметува 3-4 пати повисок надомест врз основа на староста на возилото и зафатнината на моторот. Така, за возила стари до 5 години со зафатнина од 751-1.400 кубици надоместокот е 250 денари, за зафатнина од 1.401-2.000 кубици 300 денари, а над 2001 кубик, 400 денари. За автомобили стари од 6-10 години надоместокот се движи врз основа на истите зафатнини од 250-500 денари. За возила со старост од 11 до 20 години, кои се најзастапени во земјава, надоместокот се движи од 350 до 500 денари, а постари од 30 години од 450 -700 денари. За олтајмерите таксата е 300 денари.

Екоолошкиот надомест од 400 денари е за минибусите ако не се постари од 5 години, за старост од 11-20 година ќе им се пресметува надомест од 600 до 1.200 денари во зависност од зафатнината, а за постари од 30 години 1.050-1.500 денари. Нешто повисок надомест ќе имаат автобусите, најстарите од 21 -30 години од 950-1.500 денари, додека товарните возила од 1.600 денари за стари до 5 години, а за над 30 години надомест од 1.450 до 2.000 денари.
За повеќе детали,Тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче кршеле инвентар во Детската клиника

Министерството за внатрешни работи соопшти дека таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче, кршеле инвертар во Детската клиника. Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено...

После 24 години во Македонија ќе се отвори средно полициско училиште !!!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се отвори ново средно полициско училиште, кое беше укинато во 2000 година. На денешната прес-конференција...

„Со поставување на безбедносните камери, ќе немате повеќе кому да се јавите за да ви скине казна“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција зборуваше за поставувањето на безбедносните камери. На новинарско прашање дали и во иднина ќе има јавувања,...

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, едно лице загина !!!

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Едно лице, го загубило животот. На излез од село...