28.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонија„Оди седи на твое место ако не си за тепање“: Tензично во...

„Оди седи на твое место ако не си за тепање“: Tензично во Собрание – Мицкоски најавува нови чекори !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Викање, хаос и тензии во Собранието се случи вчера, откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара процедурално, но претседателот на Собранието Талат Џафери не му дозволи. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потоа станаа со транспаренти во рацете и застанаа пред говорницата.

<

-Оди таму сега, оди таму, седи на говорница, му рече Џафери на Мицевски.

Додека се броеа резултатите од гласањето на пратениците, спикерот се обрати до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ:

-Правете што сакате да правете, до мене не се доближувајте. Јас да се плашам? Што сакате правете, но до мене не се доближувајте, одговори Џафери.

Откако дневниот ред на седницата беше усвоен со 61 глас „за“, 39 „против“ и без „воздржани“, пратениците од опозицијата извикуваа „брука сте“, „срамота е“, „прочитај ги точките кои се“…

Џафери потоа дофрли до еден пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

-Седете на свое место. Кој да се тепа бе? Седи на свое место, ако не си за тепање. Ако не си за тепање, седи на свое место.

„Ова ќе потрае, за граѓаните нема да биде страшно“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информира дека ќе има и други чекори, освен активната блокада на Собранието.

-Ова ќе потрае. Имаме многу проблеми, а владата нема капацитет. Затоа ова што го правиме е легитимно и нормално и да бараме предвремени избори. Ние не ги блокираме законите кои што се во интерес на граѓаните, а тоа се повисоки плати и пензии, подобар стандард. Се останато, како што беше автентичното мислење за Законот за игрите на среќа ќе биде блокирано, информира Мицкоски во емисијата „Топ тема“.

Мицкоски појаснува дека не се однесуваат себично, но не откри кои се наредните чекори на партијата.

-Не би било стратегија ако ние јавно секој чекор го кажуваме. За граѓаните нема да биде страшно, но ќе биде страшно за политичарите од власта и ќе треба да одговорат на многу прашања. Долго време чекавме, бевме многу внимателни. Граѓаните дури ни велеа зошто сте толку мирни. Некои ни велеа добивте општини и сега си уживате. Но не сме сите исти. Сакаме да обезбедиме стабилност. Неколку пати подавам рака до премиерот, информира Мицкоски за што разговарал со граѓаните, кои како што вели, „90% од нив барале од него да преземат нешто како партија“.
Lokalno.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...