16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаВиктор Канзуров : Денес ги фрлив во канта цвеќината на ОМО ИЛИНДЕН...

Виктор Канзуров : Денес ги фрлив во канта цвеќината на ОМО ИЛИНДЕН кои ги положија на спомникот од Јане Сандански.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Виктор Канзуров и неговата сопруга Станислава, денеска преку Фејсбук се пофалија дека ги фрлиле во канта венците на ОМО Илинден на споменикот на македонскиот револуционер Јане Сандански во Мелник, Бугарија.

<

Виктор Канзуров е познат државјанин на Македонија, самопрогласен деец и борец за правата на Бугарите во Македонија.

Колку ниско може да падне еден „борец за права“?! Многу ниско. Го докажа тоа „борецот за права“ Виктор Канзуров, реагираше Стојко Стојков, копретседателот на ОМО Илинден-Пирин, нерегистрираната партија на Македонците во Бугарија.

„Поминаа три недели откако македонските организации во Бугарија му оддадоа почит на Јане Сандански. Три недели нивните венци беа на споменикот на војводата во Мелник и никој местен не се најде да ги тргне, а дури ниту туристите од Бугарија. Ама се најде „јунак“ – „борец за права“, Бугарин од Република Македонија, кој ја зел за помошник во големото дело и својата жена, па дојде и ги фрли во корпа венците дадени за почит на војводата. Да газат на лентата на организацијата на Репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, на луѓе што лежеле во бугарски затвори затоа што се Македонци и кои за разлика од измислените непостоечки „репресирани Бугари“ во Македонија ги имаат своите пресуди тоа да го докажат.

И да се фали преку жена си со тоа на фејсбук!

И секакви националисти и македономрасци од Бугарија да го слават за тоа.

Достоен херој на бугарштината. И срам за човештината!
За повеќе детали,Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...