17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаТалат Џафери е уверен дека Северна Македонија ќе добие датум за преговори...

Талат Џафери е уверен дека Северна Македонија ќе добие датум за преговори во јуни.

Во политичкиот дел на Програмата за парламентарна поддршка на Собранието финансирана од Швајцарската Амбасада и имплементирана од НДИ, а со цел продолжување на процесот за осамостојување на собраниското обезбедување, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери и делегацијата од Собранието во чиј состав се координатори на пратеничките групи, оствари средба со Претседателката на Германскиот Бундестаг, г – ѓа Бербел Бас.

На средбата Претседателот Џафери се заблагодари за постојаната и континуирана поддршка на Бундестагот во последните 5 години преку споделување на искуствата во сферите во кои што беа потребни реформи во насока на осaмoстојување на законодавната власт во Република Северна Македонија и што и со оваа Студиска посета се покажа дека Бундестагот е подготвен да го поддржи заокружувањето на процесот на независност на Собранието.

Во однос на мултилатералната сорботка во рамки на НАТО алијансата, г -ѓа Бас го поздрави усвојувањето на Декларацијата за Украина и приклучувањето на Република Северна Македонија на санкциите против Руската Федерација иако не е членка на ЕУ, чекор со кој повтроно се покажува зрелоста на државата и нејзијана јасна определба за членство во Унијата.

Во овој контекст Претседателот Џафери искажа увереност дека државата ќе добие датум за отворање на пристапни преговори со Унијата на Самитот во јуни. Претседателката Бас одговори дека и на лично и на институционално ниво ќе стори се за да се реализира оваа заложба и се осврна на билатералното прашање со Бугарија, искористувајќи ја директната средба за да постави конктерни прашања во врска со билатералниот спор.

Претседателот Џафери информираше за повеќе аспекти на наметнатиот билатерален спор од страна на Бугарија и покрај потпишаниот Договор за добрососедство, и нагласи дека недозволливо е за една држава да влијае или да му укаже на друг народ какво лично, национално или јазично чувство треба да има, затоа што ваквото чувство не е предмет на договор; дополнително, никој не успеал да ја поправи или смени историјата, но многумина успеале да се надминат себеси и да се свртат кон иднината.

Соговорниците се согласија дека пријателите треба да разговараат директно и отворено, во насока на што, Претседателот Џафери упати покана за официјална посета на г – ѓа Бас на Република Северна Македонија, која што со задоволство ја прифати и подвлече дека штом и дозволи календарот за работа на Бундестагот ќе се реализира посетата.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...