14.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСиромаштијата ни е на прагот?! -Не чека тешка зима вели премиерот Ковачевски

Сиромаштијата ни е на прагот?! -Не чека тешка зима вели премиерот Ковачевски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нѐ чека најтешката зима по Втората светска војна. Ние во моментов правиме сé за да обезбедиме непречено снабдување со електрична енергија и за да ги обезбедиме сите суровини за производство на електрична енергија. Тоа го прават и сите држави од соседството што значи дека едно такво масовно купување суровини за производство на електрична енергија сигурно ќе влијае на раст на цените“, оцени премиерот Димитар Ковачевски.

<

За тоа како ќе се помине зимата Ковачевски вели дека тоа ќе зависи многу и од развојот на настаните во Украина.

„Ако продолжат воените дејства, тогаш веројатно негативните ефекти од таа војна ќе бидат уште посилни и за Европа и за нашиот регион во целост. Ова ќе биде најтешка зима за нашата генерација, меѓутоа и за генерациите постари од нас“, рече Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање по посетата на ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб во рамки на Групацијата НИКОБ.

Тој повтори дека со ребалансот се обезбедуваат средства кои треба да бидат поттикнувачки за дополнителни мерки за заштита на најранливите категории граѓани.

„Веќе информираше ЕСМ дека е во финализација на кредит од Европската банка во износ од 100 милиони евра под многу поволни услови со каматна стапка до еден процент, преку кој ќе се обезбеди непречено функционирање на ЕСМ. Кога зборуваме за финансискиот резултат на ЕСМ тогаш јас во еден јавен настап кажав дека доколку не се донесеше одлука на Владата за да се субвенционира цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните, а ние во моментов субвенционираме 80 проценти од цената на електрична енергија што ја плаќаат граѓаните и малите потрошувачи, тогаш ЕСМ немаше да има загуба и веројатно доколку продаваше по пазарни цени коишто се огромни и којшто доколку продаваше по пазарни цени ќе предизвикаа ценовен шок за граѓаните коишто цени веројатно и немаше да можат да ги покријат, тогаш ЕСМ веројатно годината ќе ја завршеше со 200 милиони профит“, истакна Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...