14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаПозната македoнска инфлуенсерка и уште двајца мажи уапсени на Миконос за шверц...

Позната македoнска инфлуенсерка и уште двајца мажи уапсени на Миконос за шверц на дрога.

spot_imgspot_img

Тројца државјани на Северна Македонија, двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос“ и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.

Уапсените биле организирани во криминална група, со конкретни улоги, едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцери, а дрогата на островот ја продавале во мали пакувања до заинтересираните корисници на дрога.

Дополнително бил уапсено уште едно лице, либански државјанин, во обид да се снабди со дрога.

Освен дрогата, грчката полиција кај уапсените пронашла и запленила три мобилни телефони, 2.370 евра, како и мотор со кој ја пренесувале дрогата.

За разбивање на нарко картелот, како што соопштија од грчката полиција, полицајците од Миконос организирале акција, ги следеле движењето на сега веќе уапсените, ги лоцирале и ги уапсиле во моментите кога се селеле во друго сместување, за да и скријат трагите.

Пракса на грчката полиција е во соопштенијата да не објавуваат лични податоци за уапсените, односно иницијали и националност, туку соопштуваат само дали се грчки или странски државјани, меѓутоа според потврдени информации на дописничката на МИА од Атина, станува збор за тројца државјани на Северна Македонија.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ објави дека уапсената девојка е ќерка на политичар од Северна Македонија, меѓутоа не постои потврда на оваа информација- Пишува Скопје Инфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...