12.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаСветБајрам Бегај е нов претседател на Албанија

Бајрам Бегај е нов претседател на Албанија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Албанскиот парламент доцна попладнево го избра генерал Бајрам Бегај за нов претседател на државата.

<

За неговиот избор гласаа 78 пратеници, а покрај владејачките социјалисти поддршка му дадоа и опозициски пратеници. На пленарната седница пристигнаа дел од пратениците на Демократската партија приврзаници на Енкелејд Алибеај, но веднаш ја напуштија, додека оние на Сали Бериша беа во собраниската сала.
Претходно, како што налага Уставот за предлог-кандидатурата се потпишаа 37 пратеници (потребни се 20), меѓу нив и Еди Рама.

Претседателот на Албанија, Илир Мета претходно го отповика Бегај од функцијата началник на ГШ на албанската армија, со што го отвори патот за негов избор.

Бегај за началник на ГШ на вооружените сили на Албанија беше назначен 2020 година. Пред тоа беше Командант на неколку армиски сектори. Роден е на 20 март 1967 година во Рогожина. Дипломирал на медицинскиот факултет, посетувал многу обуки во земјата, САД и во Грција. Оженет е со Арманда Бегај и е татко да две деца.

Генерал Бегај е осмиот претседател на Албанија, по падот на комунизмот, а втор висок армиски старешина на оваа функција, по Алфред Моисиу (2002 – 2007) кој, исто така, по чин беше генерал.

Извор: МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...