20.3 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаСветБританец заробен од Руси: Ме измачуваа и со музика, никогаш повеќе не...

Британец заробен од Руси: Ме измачуваа и со музика, никогаш повеќе не сакам да слушам АББА и Шер

Шон Пинер (48), еден од британските затвореници во Украина, откри како Русите го принудувале постојано да ги слуша АББА и Шер.

Пинер зборуваше за „Сан“ за тоа како бил принуден да слуша музика 24 часа на ден и како Русите го боделе и мачеле со електрошокови.

За време на затворот бил принуден да го слуша саундтракот на филмот Mamma Mia, а јадел само леб и пиел нечиста вода.

Пинер и британскиот борец Ејден Аслин беа осудени на смрт во јуни и беа преместени во ново сместување, каде што продолжила тортурата со музика.

„Условите беа подобри, но тие сепак пуштаа музика – а овој пат тоа беше Believe од Шер. Имаше црни денови, плачев многу. Но, се надевав и преживеав”, изјави Пинер.

Пинер беше дел од групата од 10 странски затвореници ослободени откако Саудиска Арабија посредуваше за таен договор меѓу Русија и Украина.

„Мислев дека ќе умрам. Тоа беше пекол на земјата. Изминатите шест месеци беа најлошите денови во мојот живот. Никогаш повеќе не сакам да слушам песна на АББА или да видам векна леб. Многу сум среќен што сум дома“, вели Британецот.

Британецот Аслин (28) зборуваше и за тоа како бил тепан, прободен и принуден да слуша советски песни во мала ќелија 24 часа на ден.

„Никогаш не мислев дека ќе излезам жив“, рече тој.

 

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...