16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДелегација и пожарникари од Словенија во посета на Делчево и ТППЕ Делчево

Делегација и пожарникари од Словенија во посета на Делчево и ТППЕ Делчево

Во возвратна посета на Делчево и ТППЕ од Делчево деновиве престојуваат градоначалникот на Општина Чрномељ, Словенија, Андреј Кавасек и претставници од Противпожарната заедница на Општина Чрномељ кои изминатиот период донираа на Делчево противпожарно возило и опрема.

Во знак на благодарност за поддршката и со цел за идна плодна соработка меѓу двете општини и противпожарните друштва, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, додели плакети на градоначалникот на Чрномељ и на Доброволната противпожарна бригада Стари трг об Колпи.

– Пријателството и хуманоста не познаваат граници, туку добрата намера, доброто дело и подадената рака отвораат можности и градат иднина. Затоа, ми претставува посебна чест што овие денови сме домаќини на градоначалникот на Чрномељ од Словенија, г-от Андреј Кавасек и претставниците од Доброволната противпожарна бригада Стари трг об Колпи кои ги препознаа потребите на ТППЕ од Делчево и донираа возило и опрема со што покажаа дека се големи луѓе и дека добро ги знаат приоритетите на граѓаните и на противпожарната дејност. Очекувам оваа соработка да продолжи и понатаму и меѓу двете противпожарни друштва и меѓу двете општини, истакна Трајковски.

Градоначалникот на Чрномељ, Андреј Кавасек, потенцираше дека соработката испаднала случајно, преку интернет, но целта била единствена, да се помогне на колегите и пријателите од Делчево. Тој најави дека соработката ќе продолжи и во иднина и меѓу пожарникарите и меѓу двете општини за што се размислува и да се искористат одредени европски проекти кои партнерски ќе се работат во двете општини.
-Јас сум бил во Делчево пред 44 години и ме радува фактот што сум повторно овде. Градот сега е поубав и поголем. Оваа соработка отвора можности и за партнерство во иднина, рече Кавасек.
Во Општина Чрномељ има 27 доброволни бригади и 400 оперативни пожарникари.
Инаку, словенечките пожарникари имаа прилика да го видат и опожарениот терен во Делчевско од минатогодишните пожари, да се запознаат и со условите и со опремата за работа на делчевските пожарникари.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...