-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПорфириј му рече на дедо Стефан дека МПЦ треба да си најде...

Порфириј му рече на дедо Стефан дека МПЦ треба да си најде соодветно име !!!

spot_img

Српскиот патријарх Порфириј денеска во Соборниот храм во Белград на архиепископот македонско-охридски Стефан му предаде томос со кој СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА, јавија српските медиуми. Во Соборниот храм во Белград се одржа света архиерејска литургија на која служеа српскиот и македонскиот патријарх со епископите на двете цркви.

По литургијата се обрати патријархот Порфириј.

„Денес по милоста Божја имаме можност да го крунисаме она што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството. Ова единство беше нарушено во еден период, но беше запоставено во духот на Црквата, а тоа е дека Македонската црква, Охридската архиепископија има не само услови, туку и потреба да се организира во контекст на автокефалната црква, да испадне да биде најдобриот можен начин на живот на нашите православни браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку денешното служење на литургијата во Скопје, чувствуваме дека ќе го соопштиме јавно и пред сите со документ наречен томос“, рече Порфириј.

Српскиот патријарх истакна и дека е многу среќен затоа што и Србите и Македонците во Северна Македонија се среќни за автокефалноста на Македонската православна црква. Патријархот Порфириј препорача МПЦ сега да најде соодветно име и додаде дека црквата не може да биде оружје и не е оружје за постигнување други цели.

Порфириј нагласи и дека оваа одлука нема да влијае на другите канонски области на СПЦ, бидејќи, како што рече, условите во Македонија се различни отколку во другите делови на СПЦ. MKD.MK

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...