17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПоскапе автобускиот превоз Куманово-Скопје, ќе достигне цена и до 200 денари во...

Поскапе автобускиот превоз Куманово-Скопје, ќе достигне цена и до 200 денари во правец, велат превозниците

Од денеска за 20 денари поскапе автобускиот превоз на релацијата Куманово – Скопје. Наместо 150 денари колку што чинеше билетот во еден правец, сега патниците мора да платат 170 денари. Во двата правци тоа се 340 денари. За 24 работни денови секој патник треба да издвои 8160 денари, пишува kumanovonews.mk.

Патниците се жалат дека поскапувањето е голем удар за семејниот буџет, бидејќи автобускиот превоз го користат главно студенти и вработени во Скопје, кои за да стигнат на работа сега мора да дадат пола плата.

„Со автобус патуваат оние коишто се пониски примања, другите одат со кола. Во Германија превозот во цела држава за цел месец е 9 евра, а кај нас таа цена за ден и половина“, вели кумановец.

Дел од кумановските прeвозници велат дека не знаеле за поскапувањето, бидејќи никој не ги известил и денеска возеле по стара цена, но најавуваат дека и тие ќе направат корекција.

„Поскапеа нафтените деривати и ние немаме друг избор, ако продолжи вака ќе отиде цената на 200 денари. Знаеме дека е скапо ама немаме економска исплатливост, литар нафта е 100 денари. Доколку државата одлучи да го субвенционира превозот ќе ги вратиме старите цени“, велат превозниците, кои додаваат дека месечната карта се` уште чини 4.200 денари и важи за 30 дена во месецот.

Автобуската карта од Куманово за Скопје се зголеми пред 5 месеци од 120 на 150 денари.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...