8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаСтилијан Самарџиев од Жупаниско Костурско: Само за ора и патриотски песни сме...

Стилијан Самарџиев од Жупаниско Костурско: Само за ора и патриотски песни сме способни, за друго никаде не нема. (Видео)

Жупаништа Костурско,, 11/06/2022
Жална е сликата за Македонците како во Македонија така и надвор, глумиме патриоти само преку песна и оро а на дело не нема никаде, просто кажано уста имаме но како да немаме !!!

Стилианос од Жупаниско Костурско преку видео порака до сите Македонци кажа дека организаторот за него и за неколку како него забранил снимање на видео, додека останатите Македонци во Костурско пеат патриоски песни а на дело никаде ги нема…

Претседателот на друштвото кои го организираат овој панагур многу нежно и културно кажа дека снимање на видео е забрането за мене и за некои други луѓе..
Им посакувам пријатна ноќ и добра забава со Македонски ора и песни.. Само за песни и ора сме способни.. вели Стилианос.

Селото Жупаништа се наоѓа во Костурската котлина во јужното подножје на планината Саракина, на 5 километри западно од Костур. Во Саракина Жупаништа граничи со Апоскеп – со ова село традиционално жупанци се силно свзрзани, а нагоре по Бистрица (Рулската река) – со Сливени. На неколку стотина метри од Жупаништа е селото Орман.Во 19 век Жупаништа било македонско село во Костурската каза на Османската империја.Во 15 век во Жупаништа биле забележани 60 глави на домаќинства. Во османските даночни регистри од средината на 15 век Жупаниште била спомената со 18 глави на семејства и двајца неженети: Бале, Којо, Јорго, Алекса, Којос, Гон, Јорго, Крано, Ѓурко, Дуко, Стамат, Стане, Манко, Петру, Димо, Јано, Јорги и Николас. Општ приход за империјата од селото бил 1520 акчиња. Селото се споменува во османски тефтер од 1530 под името Жупаниште со 36 христијански семејства, 21 неженети и 3 вдовици. Имало и едно муслиманско семејство.

Во 1890 година жупанските првенци Атанас Далов, Насо Чачов, Нако Гиров отвориле училиште во селото, а за учител бил назначен Дамјан Сидов од Галишта, кој тукушто завршил ІІ клас во Костурското трикласно егзархиско училиште.Според грчкиот весник „Емброс“ во јануари 1903 година турски аскер го опожарува селото.Во 1905 година во селото имало и егзархиско и патријаршиско училиште.Во август 1895 година Никола Суков од Жупаништа е привлечен кон ВМОРО во Солун од страна на Даме Груев, по препорака на Иван Чупов од Лабаница, со него и Кољо Зисов и Тољо Теохаров. По враќањето во Жупаништа тројцата формирале револуционерен комитет. По убиствата на Абедин беј од Костур и Касм ага од Капештица во пролетта 1900 година, револуционерното дело во Жупаништа се засилило. На 8 спрема 9 декември во Жупаништа влегла реонската чета на Атанас Петров и го заколнала речиси целото село за верност на ВМОРО и Жупаништа се претворила во еден од најсилните револуционерни пунктови во Костурско, служејки за излезна точка на комуникациите со Ресенско и Преспанско, а оваа улога се засилува особено по Илинденското востание, кога селото било основен пункт на нестрамколската реонска чета. Во четите на ВМОРО учествувале седум жупанци – Пандо Сидов, селски војвода во востанието, а покасно реонски и околиски, Никола Пантел, Насе Лисичов, Георги Гогов, Христо Кљашев, Трпо Шалапутов (од Орман) и Христо Ѓамов (од Орман) – а во востанието – 80 востаници, добро вооружени со сопствени средства.
Жупанската чета, на чело со Пандо Сидов, подпомогната од неколку мањачени ги скинала телеграфските жици Костур-Билишта-Корча и Костур-Хрупишта, по што учествувала во многу од битките во реонот. За време на востанието жителите на селото го напуштиле и избегале во внатрешноста на Корештата по што Жупаништа било разграбено, опустошено и опожарено од башибозукот и аскерот, а жртвите на селото биле 17 мирни жители и востаници. Според сведоштва на раководителите на востанието во Костурско, меѓу кои Васил Чакаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, испратено до сите странски конзулства во Битола на 30 август 1903 во Жупаништа биле изгорени сите 120 куќи и биле убиени поп Костандин (70 год.), Трпо Мелов (60), Кирнако Атанасов (15), Дине Наков (50), Наум Кирјазов (22), Васил Шопов (45), Коло Ноловски (75), Сидер Андреев (55), Панает Јанев (45), Насо Делов (60) и Нико Апостолов (62). Изгорени биле и трите цркви „Света Петка“, „Света Троица“ и „Свети Илија“.По востанието на чело на жупаничкиот револуционерен комитет застанал Кољо Суков, кој не допуштил во селото владиката Каравангелис да го шири влијанието. Уште во пролетта 1904 година во селото влегла четата на Нумо Желински, која го засилила револуционерниот комитет.

По востанието селото страдало од грчки андартски напади. Мај 1905 година грчка чета фатила 43 македонци гурбетчии, меѓу кои и 8 жупанци, патувајќи кон Грција во грчкото село Скумско и ги претепале, оздравеле само Зисо Потев и Томо Ч. Чачов од Жупаништа и Станко од Габреш. Во 1906 година четата на гркоманот Лазар Апостолов убила 5 жени и едно девојче од Жупаништа, во 1907 година грчка чета убила поранешен комита на околиската чета на ВМОРО Насо Лисичов, а во мај 1907 година кметот Насо Гиров бил убиен од терористи во чаршијата во Костур.На 22 февруари 1907 година војводата Митре Влаот со тројца комити – Вангел Попхристов, Андон Брештенски и Иљо од Вмбел пристигнал во Жупаништа од Апоскеп. Четата била предадена на турските власти од Христо од село Шестеово. По тешка битка сите комити се тешко ранети. Митре ги доубил другарите по што се самоубил. На 13 март 1907 година, реонската чета на ВМОРО влегла во Жупаништа и ги осудила на смрт предавниците Кољо Гечов, Ставро Шишов и Димитар Апостолов.Според Георги Константинов Бистришки Жупаништа пред Балканската војна имала 100 македонски куќи.За време на Балканските војни 16 луѓе од Жупаништа биле доброволци во Македоно-одринското ополчение.Во Втората светска војна селото страдало од Италијанците.За време на Грчката граѓанска војна дел од жителите на селото го напуштиле, 30 луѓе биле убиени, а 15 семејства емигрирале во социјалистичките заемји. 71 деца од селото се протерани.Пописи:1913 – 557 жители1920 – 483 1928 – 471 1940 – 507 1951 – 155 1961 – 393 – заедно со маалото Орман.1971 – 313 – заедно со маалото Орман.1981 – 604 – заедно со маалото Орман.1991 – 0Родени во селото:Алеко Шишковски (1925-1948), партизан, деец на НОФ.Андон Наумов (Антон, 1891 – ?), македоно-одрински ополченец, Костурска чета.Аргир Николов, револуционер, загинал пред 1908 г., погребан во братската могила во Апоскеп.Вангел Мангов (1912 – 1947), партизан.Васил Василев (1892 – ?), македоно-одрински ополченец, четата на Васил Чакаларов.Васил Зисов (1891 – ?), македоно-одрински ополченец, Костурска чета, носител на бронзен медал.Васил Изидов (1890 – ?), македоно-одрински ополченец, Костурска соединета чета.Васил Христов (1889 – 1913), македоно-одрински ополченец, Прва чета на Шеста охридска дружина, зборна партизанска чета на МОО, загинал во Меѓусојузничката војна на 5 јули 1913 година.Владко Аргиров, македоно-одрински ополченец, Прва чета на Осма костурска дружина.Георги Сидов (1887 – ?), македоно-одрински ополченец, Прва чета на Осма костурска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен.Доно Стамков (Станков, 1875 – ?), македоно-одрински ополченец, Костурска чета, носител на бронзен медал.Зисо Нолев, Димитар Кљашев и Аргир Николов (Гиро Колев), подвојводи на жупанската чета на Пандо Сидов во Илинденското востание. Аргир Николов загинува во востанието во битките кај Ковачо над Апоскеп, а Зисо Нолев е убиен во Кунско во 1905 г.Јордан Наков (1890 – 1913), македоно-одрински ополченец, Прва чета на Шеста охридска дружина, зборна партизанска чета на МОО, убиен во Меѓусојузничката војна на 5 јули 1913 година во село Ајтос.Кољо Зисов, Тољо Теофаров, Васил Станков (? – 1920), легални дејци на ВМОРО.Коста Атанасов (1890 – ?), македоно-одрински ополченец, Шеста охридска дружина.Мито Николов (Мито, 1891 – ?), македоно-одрински ополченец, Костурска соединета чета, носител на бронзен медал.Наум Панајотов, македоно-одрински ополченец, Прва чета на Осма костурска дружина.Никола Пантел, Насе Лисичов, Георги Гогов, Христо Кљашев, комити на ВМОРО, Кљашев е комита на Александар Протогеров, а Насо Лисичов е убиен од грчки терористи во 1907 г.Никола Суков (1872 – 1927), револуционер.Пандо Сидов (1878 – 1933), револуционер, деец на ВМОРО, македоно-одрински ополченец.Спас Томов (Спасе), македоно-одрински ополченец, Костурска чета.Ставро Нунев (1872 – ?), македоно-одрински ополченец, Прва чета на Шеста охридска дружина.Тодор Николов (Колев, 1887 – ?), македоно-одрински ополченец, Костурска соединета чета, носител на сребрен медал.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...