23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНа 20 август трета среќа за избор на градоначалници на Маврово и...

На 20 август трета среќа за избор на градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери врз основа на Изборниот законик, денеска распиша избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 20 август 2022 година.

<

„Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението

Изборите, согласно Решението за нивно распишување, ќе ги спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори.

Последниот обид за прегласување беше на 17 април. И тогаш поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело на Центар Жупа изборите не успеаа.

Во Центар Жупа има 7 077 граѓани со право на глас.

На 17-ти април пак не се одржаа изборите за градоначалник во Маврово-Ростуше. ДИК и официјално ја запре постапката за избор на градоначалник бидејќи немаше пријавено ниту еден кандидат. Кандидатот на СДСМ Медат Куртовски ја повлече својата кандидатура бидејќи немало противкандидати, а ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учествува на избори закажани без консултација со нив. На редовните локални избори во октомври минатата година, гласањето беше прогласено за неуспешно бидејќи одзивот на гласачите во Маврово Ростуше не го исполни потребниот цензус да гласаат 30 отсто од вкупниот број избирачи.

Каква ќе биде сликата сега е сосема неизвесно. Во меѓувреме со двете општини раководат повереници што ги назначи владата. (М.Т.)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...