8.2 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаАнгелов за хуманитарната помош на Заев: Да го повикаме следната пратка да...

Ангелов за хуманитарната помош на Заев: Да го повикаме следната пратка да биде во земјава

spot_img

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ја поздрави испратената помош за Украина, од страна на фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев.

<

-Во Украина беснее војна, таму има многу гладни луѓе. Се сложувам дека таква помош е потребна и во Македонија. Но еве, не гледам причина да го повикаме поранешниот премиер, следната пратка да ја направи во земјава, рече Ангелов во емисијата „Заспиј ако можеш“, како одговор на прашање од водителите.

Поранешниот премиер Зоран Заев попладнево објави дека преку Фондацијата “Заев – Едно општество за сите” испратени се 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина.

-Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина. Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи, информира Заев на својот Фејсбук профил.

Врховната Рада на Украина (Парламентот) на социјалните мрежи изрази благодарност до фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев за хуманитарната помош што ја испрати во оваа земја.
Lokalno.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Џип од Министерство во вредност 60 илјади евра бил заборавен во сервис, сега е без врати и делови

Кога јавноста ќе ги види сликите, ќе може да процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставен на милост и...

Пуш-пауза: Катица Јанева сликана пред адвокатска канцеларија

Случаен минувач кој и ја испрати фотографијата на редакцијата на Курир ја овековечи Катица Јанева пред канцеларијата на нејзиниот син. Поранешната специјална обвинителка е...

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...